Топ Новости

DEEP PURPLE ја свиреше „Јовано, Јованке“ во Македонија

Недела, 29 Мај 2022

Легендарниот бенд пред публиката во Македонија на својот синоќа одржан концерт во Скопје ја поздрави македонската публика со македонската песна „Јовано, Јованке“.

Видеото го постираше професорот по музика во СОУ „Богданци“ од Богданци, Ристо Лазаров оценувајќи дека:
„Има нешто кое зборува за нас, и начин како да кажеме кој сме. Еве доказ - оваа видео.

На концертот на DEEP PURPLE неколку пати бевме поздравени како Македонија.
Најважно, клавијатуристот на DEEP PURPLE ја испочитува државата свирејки го ова. Самите препознајте.

Благодариме DEEP PURPLE!!! - напиша Лазаров на социјалните мрежи.

Задоволната публика го отпеа рефренот од песната и отпоздрави со громогласен аплауз.

Групата DEEP PURPLE важи за еден од најголемите рокенрол состави на сите времиња, а во неа членуваат Иан Гилан, Иан Пејс, Роџер Гловер, Стив Морс и Дон Ејри. Во последната деценија, групата објави четири студиски албуми, а во меѓувреме одржува и турнеи низ сите континенти. Синоќа настапија во Арената „Борис Трајковски“ со своите познати „Smoke on the water“, „Hush“, „Strange kind of woman“, „Woman from Tokyo“, „Knocking at your back door“, „Highway star“ и уште многу други хитови што го одбележаа пет децениското постоење на бендот во музичката историја.

Last modified on Недела, 29 Мај 2022 - 17:47

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Огграничен сообраќај за тешки товарни возила

Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,

Повеќе

Расте бројот на занаетчии во Гевгелија

Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во

Повеќе

Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на

До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,

Повеќе

СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“

Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

Тепачкa во Дојран и Валандово

Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.

Повеќе

РКЕ: Струјата во просек поскапува за 7,4 % од 1 јули

Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е

Повеќе

Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија

Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од

Повеќе

Трговците во туристичките места ќе работат и во недела

Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се

Повеќе

Зголемена фреквенција на ГП „Богородица“

Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати

Повеќе

Уапсен млад гевгеличанец

Агресивното однесување кон службено лице, полициски службеници при ОВР

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.