Топ Новости

Негорци веќе 13 часа без вода на 37 степени

Недела, 05 Јуни 2022

Граѓаните од с.Негорци реагираат дека денес, недела од рано наутро немаат вода. Никој не ги известил за никаков дефект, а вода немаат од утрово од 04 часот, се до моментот кога го пишуваме прилогот, а тоа е 17:00 часот.

Нивното незадоволство е што немаат никаков одговор од „Комуналец“ Гевгелија за тоа кога ќе дојде водата. Денеска во Гевгелија и околината надворешната температура е 37 степени Целзиусови и потребата за вода за неподготвените граѓани дека денеска ќе ја немаат е повеќе од неопходна.

По реакциите на социјалните мрежи попладнево околу 14 часот ЈПКД „Комуналец“ на својата ФБ страница објави дека: „Заради прекин на снабдувањето со електрична енергија, пумпта за вода не беше во можност да работи и поради тоа прекинато водоснабдување ќе имаат сите корисници на населено место Негорци, денес, 05.06.2022 год. (Недела).
Водоснабдувањето ќе биде нормалирирано во најскоро време“.

Поминаа три часа од објавата, а негорчани се уште без вода.

Граќаните реагираат дека се работи за несовесност во работата. После 1,5 часа од вклучувањето на електричната енергија за која ЕВН најави два дена претходно дека ќе се работи на модернизација на електричната мрежа на подрачјето на општина Гевгелија, вдоводната пумпа што го снабдува со вода с.Негорци се' уште не беше вклучена. Тамошниот дежурен вели тајмерот за испумпување вода не се вклучил.

Негорчани со иронија коментираат на објавите на социјалните мрежи. „Вaжно кружен тек со китки има во селото“, „Не мора да варките, истренирани сме ние како камили без вода...“.

И, ќе отиде ли некој од  гевгелиски „Комуналец“ макар рачно да ја вклучи пумпата за вода за негорчани конечно да згасат жед овој неделен ден!?

 

.

Last modified on Недела, 05 Јуни 2022 - 17:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Огграничен сообраќај за тешки товарни возила

Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,

Повеќе

Расте бројот на занаетчии во Гевгелија

Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во

Повеќе

Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на

До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,

Повеќе

СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“

Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

Тепачкa во Дојран и Валандово

Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.

Повеќе

РКЕ: Струјата во просек поскапува за 7,4 % од 1 јули

Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е

Повеќе

Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија

Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од

Повеќе

Трговците во туристичките места ќе работат и во недела

Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се

Повеќе

Зголемена фреквенција на ГП „Богородица“

Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати

Повеќе

Уапсен млад гевгеличанец

Агресивното однесување кон службено лице, полициски службеници при ОВР

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.