Победници на Детските триатлон трки во Дојран

Сабота, 11 Јуни 2022

Денеска завршија детските триатлон трки на патеките и водите во Дојранското езеро. На националното првенство што се одржува денеска и утре во Дојран, првите трки ги завршија најмладите учесници на триатлонот, децата

Трката деца 1 имаше стаза од 100 метри пливање, 2,5 километри возење велосипед и 624 метри трчање.
Кај младите девојчиња од 7 учеснички 5 пристигнаа на целта. Најуспешна од нив со севкупно време од 13: 40 минути беше КАТАЛИНА СТЕВКОВСКА од клубот „Триоги“.
Кај машките деца од 14 кои стартуваа со пливање, на целта пристигнаа 12 триатлонци, а 2-ца беа дисквалификувани. Најдобро време постигна ЈОВАН КУТАНОСКИ од клубот „3Дисциплинс“ со севкупно време од 11:04 минути.

Трката „Деца 2“ (деца на поголема возраст ) се одвиваше на трасите од 200 метри пливање, 5 километри возење велосипед и 1.250 метри трчање. Учествуваа 15 триатлонци и сите пристигнаа на целта. Најдобри резултати постигнаа:
1. (ж) БИСТРА ГРУЕВСКА - од „Триоги“ - време 22: 25 минути, и
1. (м) МАРИО БРЕЗОВСКИ од клубот „Триоги“ време од 19:36 минути.

Сите учесници во трките „Деца 1“ и „Деца 2“ денес беа извонредни! - оценува организаторот, Триатлон Федерацијата на Македонија.

Утре следуваат трките на кадетите, јуниорите, сениорите и учесниците во мастерс категориите.
Повелете на спортска фешта во Дојран.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.