Топ Новости

Трибина посветена на земјоделството одржа СДСМ Гевгелија

Сабота, 18 Јуни 2022

Синоќа во Гевгелија во органозција на СДСМ Гевгелија се одржа работна трибина на тема земјоделие на која свои излагања имаа Трајан Димковски-советникот за рурален развој во МЗШВ, Гоце Ѓеоргиевски раководител на сектор за рурален развој при МЗШВ, пратениците од ИЕ4 Марија Костадинова и Панчо Минов, воедно и членови на собраниската комисија за земјоделие.

На трибината говорниците потенцираа дека Владата предводена од СДСМ во време на светска економска и енергетска криза, во време на ограничени производи на светските пазари, презема мерки за унапредување на земјоделството и зголемување на домашното земјоделско производство.
Тука се пред се' мерките за субвенционирање на земјоделството и сточарството, особено мерката „Млад земјоделец“ каде исплатата е покачена 100% и грантовите за млади земјоделци изнесуваат 20.000 евра, потоа мерката „рурална жена“ каде се стимулираат жените како претприемачки и производители на храна во руралните средини и овде грант дотациите од МЗШВ изнесуваат по 6.000 евра.
Се потенцираше и посебната програма „Борба за храна“ каде се стимулираат одгледувачите на пченица, пченка, сончоглед и јачмен.

Пратеникот Паче Минов ја нагласи мерката за стимулација на 60 мали винарии во Македонија со грант од по 10.000 евра за секоја поединечно, меѓу кои има и две од Гевгелија.

Гоце Ѓоргиевски ги нагласи заложбите на владата на СДСМ во сферата земјоделие, особено од превземањето на власта во 2017 година и состојбата со закочените проекти и закочените закони во секторот земјоделие наследени од претходната власт и актуелниот ребаланс на буџетот кој треба да донесе директна исплата кон производителите од 2,7 милијарди денари со што ќе бидат исплатени сите задоцнети и сите пристигнати субвенции за оваа година. Ѓоргиевски ја истакна искористеноста на ИПАРД фондовите за Македонија во висина од 99%, додека во времето на ВМРО-ДПМНЕ таа изнесуваше од 4 до 20% што е енормна разлика и денес Македонија е лидер во остварувањето на програмата за ИПАРД фондовите.

- „Додека нивната девиза беше „лажи и кради“ нашата девиза е да работиме и имаме задоволни граѓани“ истакна Ѓоргиевски за разликите во начинот на работа меѓу ДПМНЕ и СДСМ во сферата земјоделие и фондовската искористеност од ЕУ програмите.

Трајан Димковски- советник за рурален развој ги обасни пред присутните постојните и новите мерки за субвенционирање на земјоделците, сточарите, произвидителите на храна, а со програмата за „рурален развој“ овде се опфатени дури и малите туристички комплекси во руралните средини,, малите угостителски објекти, призводители на мед и локална храна од поднебјето на Македонија.
Тој нагласи дека со мерката „Директни платежни интервенции“ за следната 2023 година, во Буџетот се планирани 6(шест) милијарди денари со што нема да има никаков застој во исплатата на сите категории субвенции од секторот земјоделие и сточарство.

Димковски одговараше и на прашања од присутните за изграбата на Конска Брана кај Гевгелија, за придобивките на земјоделците од „Отворен Балкан“.
Присутните на трибината ги интересираше исплатата на субвенциите за сточарите, исплатата на субвенции за предадени култури на производни капацитети, за одобрување мерка за набавка на комбајн за Гевгелија.

Пратеникот Минов и советникот Димковски потврдија дека во новиот закон за земјоделие е предвидено решение исплатата на предадени производи во преработуваччки капацитети да биде максимално за 180 дена, но опозицијата го блокирала неговото донесување. Производителите присутни на трибината негодуваа дека на тој начин нивниот производ се обезвреднува, а планираната добивка им ја јаде инфлацијата.

На трибината свое излагање имаше и Миле Атанасов, претседател на СДСМ Гевгелија кој ги потенцираше придобивките од мерките за субвенционирање на земјоделието и помеѓу производителите од гевгелиско.

 

Last modified on Сабота, 18 Јуни 2022 - 15:22

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Огграничен сообраќај за тешки товарни возила

Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период,

Повеќе

Расте бројот на занаетчии во Гевгелија

Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во

Повеќе

Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на

До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи,

Повеќе

СДСМ Гевгелија: „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“

Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија

Повеќе

Тепачкa во Дојран и Валандово

Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.

Повеќе

РКЕ: Струјата во просек поскапува за 7,4 % од 1 јули

Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е

Повеќе

Интервју: Со носителката на 7 круни за убавина, Ана Брзанова од Гевгелија

Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од

Повеќе

Трговците во туристичките места ќе работат и во недела

Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се

Повеќе

Зголемена фреквенција на ГП „Богородица“

Прво лето без корона ограничувања во меѓуграничниот промет ја врати

Повеќе

Уапсен млад гевгеличанец

Агресивното однесување кон службено лице, полициски службеници при ОВР

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.