Пристигна нов предлог од француското претседателство за преговарачка рамка на MK за влез во ЕУ

Четврток, 30 Јуни 2022

До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови.

Премиерот Димитар Ковачевски потврди дека пристигнал француски предлог за проблемот со Бугарија, во како што вели биле земени ставовите на македонската страна.

- „Денес до Владата од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови во однос на спорот со Република Бугарија.

Овој предлог, при чие изготвување се земени предвид нашите позиции и барања, ќе биде ставен на широк консултативен процес. Консулатции во следните денови ќе се прават во Владата, со политичките партии, со Претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. По овие консултации ќе се донесе одлука во однос на предлогот.

Како што ветивме и наспроти шпекулациите на опозицијата, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички согласно стратешките интереси на земјата и на сите наши граѓани.

Веста за новиот предлог -компромисно решение и за двете страни ја обкави францускиот претседател Емануел Макрон, на крајот на Самитот на НАТО денеска во Мадрид.
Упатувам благодарност до Претседателот Макрон и Француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот“, напиша на ФБ Ковачевски.

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел вели дека францускиот предлог е најблиску до шансата Северна Македонија да ги отвори пристапните преговори со ЕУ. На иста линија е и шефицата на германската дипломатија Бербок. „Го поздравувам решението на француското претседателство за договор кој ќе го отвори патот за почеток на пристапни преговори со ЕУ на Северна Македонија. Решението ги адресира изнесени забелешки. Поблиску сме од било кога: сега е време да се каже да.“ Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок на иста линија дека „Северна Македонија не смее да ја пропушти можноста“ која ја нуди францускиот предлог.
Last modified on Четврток, 30 Јуни 2022 - 17:06

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.