Tрет ден апсења во Стар Дојран

Понеделник, 04 Јули 2022

Последната фестивалска вечер, во неделата спрема понеделникот додека трае „Д Фестивал“ во Стар Дојран, полицијата лишила од слобода 10 лица, од нив 9 заради поседување дрога, 1 лице заради ароганзија кон пoлициски службеници кои се на должност, а едно лице пријавило дека бил физички нападнатo во Стар Дојран.

Во првиот неделен извештај на МВР се вели:
„На 03.07.2022 во 01.30 часот во Стар Дојран, полициски службеници го лишиле од слобода П.В.(21) од Скопје затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“.

Во вториот неделе извештај на МВР стои дека:
„На 03.07.2022 околу 02.00 часот во СВР Струмица, Д.Т.(26) од Скопје пријавил дека во Стар Дојран бил физички нападнат од повеќе лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

Третиот неделен извештај на МВР за Стар Дојран е пообемен и во него се нотирани 9 приведени лица:
„Во периодот од 20.30 часот на 03.07.2022 година до 02.30 часот на 04.07.2022 година, за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, во координација со полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР и Единица за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при СВР Скопје извршиле контрола и ги лишиле од слобода К.А.(18) и А.М.(19), двајцата од Скопје, М.Ц.(26) и Д.П.(27), двајцата од Куманово, Г.П.(22) од Прилеп, Н.М.(22) од Охрид, Т.С.(21) од Валандово, Д.А.(19) од село Николиќ, општина Дојран и И.К.(20) од село Иловица, струмичко, бидејќи кај нив биле пронајдени повеќе видови дрога.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“ - се вели во извештајот на МВР.

Сумарно, од петокот до понеделник наутро во Стар Дојран приведени се вкупно 36 лица (35 за поседување дрога, 1 за покажана ароганција на службени полициски сили) и еден пријавен физички напад. Премногу за мирниот Дојран, премногу гости со однесување кое се санкционира според Кривичниот Законик за време на летниот фестивал.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.