Југот на МК ја „прибра“ короната и во лето

Вторник, 12 Јули 2022

Со 21 активни случаи на ковид-19 во регионот на надлежност на Центарот за јавно здравје Гевгелија, со позитивни ковид пациенти во сите три општини од југот на Македонија, може да се каже дека Гевгелија, Богданци и Дојран ја прибраа короната меѓу своите жители и во лето.

Фактор на појава и ширење на вирусот се летните раздвижености, патувања, контакти, занемарените хигиенски мерки,занемарената дистанцата и вирусот се пресели и кај жителите на југот од државата.

Во моментот Гевгелија има 15 активни на корона (4 новозаразени, 3 оздравени со денешниот извештај на ИЈЗ-Скопје).
Гевгелија стана Општина која со новозаразени од корона го полни извештајот на ИЈЗ-Скопје речиси секој ден во изминатите 2 недели,

Дека короната стаса на југот зборува и податокот што и во општина Богданци регистрирани се 5 позитивни случаи, а само 1 позитивно лице има во Дојран. Така што, југот веќе двеипол недели го изгуби статусот на „Зона без корона“.
Стручњаците се прашуваат: „Дали е ова предвремен старт на очекуваниот есенски корона бран во државата!?

Денеска во државата се регистрирани 511 нови случаи на ковид-19,(што е 34,3% од вкупниот број на тестирани и претставува висок процент на трансмисија на вирусот). Денеска ИЈЗ јавува за 2 смрни случаи како последица од корона компликации и вкупно 1.889 активни лица на вирусот.

Бројките наметнуваат претпазливост, барем околу примената на трите главни правила од корона мерките: миење раце, дистанца и носење маска при престој во затворен простор, болници, аптеки, јавен превоз.

 

Last modified on Вторник, 12 Јули 2022 - 19:03

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.