Деца и ветерници

Четврток, 14 Јули 2022

Општина Богднци е прва општина во државата во чиј атар е изграден ветерен парк, во висините на Погана.

Сводот над Богданци е украсен со ветерниците за кои и децата се интересираат и љубопитно прашуваат за нив што се тие, за што служат, зошто толку високо стојат исправени над ридот. Така, тие станаа и тема на работен ангажман на децата во ЈОУ Детската градинка „Корста Поп Ристов Делчев“ во Богданци.

Дечињата со своите воспитувачки изработија вртелешки кои ги нарекоа ветерници, според џиновските метални постројки за производство на електрична енергија од ветерот над Погана. Замислете која беше радоста кога видоа дека нивните направени ветерници од хартија навистина се вртат на ветерот во дворот на детската градинка.

Гледаме, креираме, создаваме - кога ќе пораснеме можеби и ќе градиме, вака порачуваат малите умни глави од Богданци.

 

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.