По објавувањето на скандалот во клиниката „Жан Митрев“ за лекување на пациенти со КОВИД, Министерството за здравство соопшти дека презело низа чекори. Министерот Беким Сали рече дека е побаран вонреден инспекциски надзор во приватната клиника, каде според истражувањето објавено од ИРЛ, се вршеле клинички испитувања врз пациентите. Сали рече дека откако ќе биде готов целосниот извештај, тој лично ќе го достави до надлежните институции за понатамошно постапување.
““Пратен е допис до Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш да се направи вонреден инспекциски надзор во клиничката болница ‘Жан Митрев’. Исто така, побарав информација од инспекторатот дали во периодот од последните три години се спроведени редовни и вонредни надзори и кои се резултатите од нив. Второ, Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) веќе иницираше вонреден инспекциски надзор во однос на постапката за тоа дали е почитувана или не е почитувана постапката за клиничко испитување на хемофилтрацијата како метод на лекување на ковид-19. Првичните сознанија укажуваат дека не е испочитувана, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во клничката болница ‘Жан Митрев. Третата постапка што повторно ја актуелизираме пред Лекарската комора на Северна Македонија е спроведување на бараните стручни надзори на лекувањето на пациентите во клиничката болница ‘Жан Митрев“, рече Беким Сали, министер за здравство.
Според министерот Сали, доколку се утврдат наводите, ќе има одговорност. Сали најави прес-конференција за во среда за кога рече дека ќе бидат готови извештаите од вонредниот инспекциски надзор.
Претходно, Владата информираше дека побарала од Министерството за здравство во рок од два дена да достави целосна информација за лекувањето на пациентите со Ковид на приватната клиника Жан Митрев.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте
Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,
Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери
Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со
Од 1 септември мерки за заштеда на струја
Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и
Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците
Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Кривични пријави за двајца гевгеличани
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција