Долгорочно задолжување од близу 650.000 евра на Општина Гевгелија

Вторник, 19 Јули 2022

Советот на општина Гевгелија на денешната 12 седница ја изгласа Одлуката за долгорочно задолжување на општина Гевгелија за 39.803.000 денари, во домашна комерцијална банка (не наведена во одлуката).

Барањето за кредитно задолжување на општината за износ близу 650.000 евра дојде на „масата“ пред советниците на предлог од градоначалникот на Општината, Андон Сарамандов. Во одлукта стои дека задолжувањето е за изградба на водоводна и канализациона мрежа на улица „Свети Климент Охридски“ во Гевгелија, а кредитното задолжување е со рок од 9 до 13 години со грејс период од 2-3 години и каматна стапка од 2,5%-4,5%.

Советниците од СДСМ побараа ваквото задолжување да биде симнато од дневниот ред но мнозинството тоа не го прифати.
Аргументите беа дека во услови на светска енергетска и економска криза, па и воените дејствија во Украина на многу начини влијаат врз економската состојба во светот па и кај нас и дека општината треба да ги избегне новите задлжувања, дотолку повеќе што веќе се отплаќа еден кредит од 48 милиони денари, наменет за изградба на бунарите за вода кај Вардар што го направи минатиот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ. Во одлуката за кредитно задолжување на долгорочен рок нема наведено договор со извесна банка, ниту податок дали каматата е фиксна, или променлива, што е многу битно во време кога банките најавуваат пораст на каматните стапки дури и на веќе постојните кредити како за физичките, така и за правните лица. 

- „Впечаток е дека секогаш кога има градоначалник од ДПМНЕ на власт во општината тој ја задолжува општината. Потоа на следниот градоначалник му доаѓа обврската да го исплаќа долгот. Така и сега. Обврските со оваа одлука треба да паднат на седниот градоначалник што ќе дојде на функција во Општината“ - посочи во својата дискусија Тодор Ристов од СДСМ.

Грејс периодот од 3 години со долгорочното кредитно задолжување на Општината го остава Сарамандов „слободен“ од ануитетните плаќања по кредитот.

Советникот од граѓанската листа Томе Ќичуков дискутираше за потребата Општината да ги пренамени средствата од буџетот предвидени за проекти за кои нема услови да бидат започнати, или реализирани до крајот на годината па да се насочат за оваа намена за водоводна и канализациона мрежа на улицата „Свети Климент Охридски“

Советникот Миле Атанасов побара спецификација на трошоците за изградба на водоводна и канализациона мрежа што е намената на задолжувањето и доби одговор од администрацијата читајќи ги сумите од пред проектната докумантација која е подготвена во 2018 година.
- „Направете нови пресметки, корегирајте ги сумите со денешните цени, па да разговараме за реалните проектни можности“ побара од говорницата Атанасов.

Советникот Сашо Стојиловски од ВПМО-ДПМНЕ на обвинувањата на Ристов дека само градоначалниците од ДПМНЕ ја задолжуваат општината реплицираше дека „да не беше задолжувањето во Светска банка од 48 милиони евра Гевгелија уште ќе пиеше вода со арсен“.

По исцрпената дискусија и соочените аргументи за и против долгорочното задолжување на Општина Гевгелија се премина на гласање: „ЗА“ гласаа 10 советника, 9 беа воздржани. Мнозинството за одобрување на одлуката за долгорочно задолжување на општината го обезбеди ВМРО-ДПМНЕ и еден советник од ВМРО-НП. Така што впечатокот е дека ВМРО „обединето“ размислува кога е во прашање задолжувањето.

Инаку, реално гледано, новото кредитно задолжување на општината ќе го отплаќаат граѓаните на општина Гевгелија како „полначи“ на општинскиот Буџет со исплата на локални комунални такси, даноци на имот, данок на наследство и другите локални јавни давачки.

Фото: Принт скрин од моментот на гласање „за“



 

Last modified on Среда, 20 Јули 2022 - 03:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.