Стартува турнирот „КМФ Миравци 2022“

Сабота, 23 Јули 2022

По трет пат на познатото место во Миравци, расадникот на фудбалери и репрезентативци, годинава ќе се одржи Турнир на Младите фудбалски надежи со учество на 22 екипи од југот и поширокиот регион.

За учество се пријавиле екипи од Гевгелија, Валандово, Струмица, Негорци, Кавадарци, Куклиш, Моин, Неготино, Давидово, Јосифово и од централна Македонија екипа од Велес.

Жребувањето се изврши синоќа така што веќе се познати групите и екипите кои вечерва ќе стартувата на теренот. Организаторот одлучи да го спроведе најекономичниот систем од минатата година! 6 групи се пополнети со по 3 екипи, а 2 групи имаат по две, со можност за пополнување при накнадна пријава (се до првиот натпревар во групата). Доколку не се пополнат овие три групи, екипите ќе одиграат по два натпревари за да се добие првакот, односно второпласираната екипа. Прваците одат директно во 1/8 финале, а второпласираните и третопласираните играат баражи.
Се' уште има можност за пријавување на уште 3 екипи кои ќе бидат вметнати во натпреварувањето!
Јуниорите од генерациите 2006/07, 2008/09 и 2010/11 можат да се пријавуваат до понеделник.

Стартот е закажан за вечерва, а Распоред на натпреварите за првата турнирска вечер (сабота, 23.07.2022) изгледа вака:
21:45 отворање на Турнирот „КМФ Миравци 2022“
22:00 натпревар на јуниорите од СД „Тихо јуниор“ Миравци
23:00 сен. „Мики Џа“ Гевгелија - „Бачило“ Миравци

Наградниот фонд е 200.000 денари, од кои за првото место се доделува 100.000 денари, за II место 60.000 денари, 30.000 за треото место и 10.000 за 4-то место освоено на турнирот. Настанот е поддржан од Програмата за спорт на општина Гевгелија за 2022 година.

Во Миравци веќе се запалени рефлекторите на спортските терени. .
Среќно на учесниците!

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.