Тројца фудбалери на „Кожуф“ во младинската репрезентација

Петок, 29 Јули 2022

Голем успех нa младите фудбалски сили на гевгелиски ФК „Кожуф“. Тројца надежни играчи повикани да учествуваат во Македонската фудбалска репрезентација до 19 годишна возраст.

Избраниците на селекторот од гевгелиски ФК „Кожуф“ се Бојан Јанев, Енис Бучи и Кирил Стојков кои се подготвуваат да го облечат МК дресот во У-19. Можете ли да ја замислите радоста на гевгелиските навивачи!?

- „Одличните настапи на Јанев и Стојков од предходната сезона, не останаа незабележани од селекторот Неџат Шабани. Енис Бучи е стандарден младински репрезентативец, минатата сезона настапуваше за екипата на „Македонија ЃП' , а оваа сезона ќе настапува во нашата екипа и се надеваме на големи успеси“ - изјавуваат од управата на ФК „Кожуф“.

Сепак, на теренот пред будното око на селкеторот на собирот на фудбалери до 19 години, нашиот Кирил Стојков поради повреда не се појави на собирот. Од управата на „Кожуф“ доаѓаат утешни зборови за него и надежни зборови за избраниците дека со работа и труд ќе се дојде до посакуваните цели.

- „Се надеваме дека во иднина нашите фудбалери ќе не' направат горди со игрите во светиот репрезентативен дрес на Македонија! - порачуваат од гевгелискиот ФК.

Гордоста на гевгеличани е поради 100 годишната традиција на фудбалот на овие простори и извонредни фудбалери кои ја шутирале бубамарата по терените на „Кожуф“.
Клубот бил основан во 1922 година, што значи фудбалската традиција на Гевгелија трае веќе точно еден век. Ова е најстариот организиран спортски екипен состав во Гевгелија.
Клубот ја освоил Втората фудбалска лига - Исток во сезоната 1993/94. Поради тоа, екипата обезбедила учество во Првата фудбалска лига во сезоната 1994/1995 под името Кожуф Винојуг. На крајот на сезоната, екипата завршила на последното место и се вратила во Втората лига.
ФК Кожуф важи за еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија, моментално игра во Втора лига. 

Ќе не' прослават ли овие момчиња со тоа што ќе станат нови репрезентативни имиња од Гевгелија и да настапуваат со Македонскиот дрес на официјални меѓународни настани!? Им посакуваме лесни нозе, добра игра и спортска среќа!

 

Last modified on Петок, 29 Јули 2022 - 16:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.