Надлежните велат дека Македонија со моментално преку 5.000 заболени од ковид-19 се наоѓа во жолта ковид зона.
Порастот на бројките на заразени од корона не ја одмина ниту Гевгелија и регионот на надлежност на Општа Болница Гевгелија. Во моментот активни на вирусот се 64 лица од регионот на надлежност на Центарот за јавно здравје Гевгелија.
Од позитивните: 52 случаи се во Гевгелија, 8 во Богданци и 4 во Дојран (во општински рамки).
Првиот летен случај на југот е регистриран на 23 јуни во Гевгелија и до сега во изминатите 5 недели случаите на ковид заболени достигна 64 лица. Ова во просек значи по 2-ца новоинфицирани секој ден, или ако се земе во предвид дека деновиве имаше и оздравени лица, просечната бројка на дневно инфицирани во регионот е над три лица дневно.
Комисијата за заразни болести засега не препорачува нови мерки.
Министерот за здравство, Беким Сали, вчера посочи дека aко се гледа според искуството на досегашните бранови на зараза со ковид-19, сега се наоѓаме пред пикот на моменталниот бран.
„Ние забележуваме секојдневно благо зголемување на новоинфицирани во државата, Скопје сè уште е жариште, односно црвена зона. Меѓутоа, од аспект на оптоварување на системот сè уште сме во жолта зона“, појасни Сали.
Министерот апелираше до хронично болните да се вакцинираат со четврта доза доколку веќе примиле трета, а до лицата кои се тестираат дома со брзи тестови побара да се самоизолираат најмалку три дена.
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција
Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран
Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени
Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце
Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -
Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци
Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на
Активен пожар кај с.Фурка
Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во
Одбележан панаѓурот во с.Ума
Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети
Се реконструира патот до Смрдлива вода
Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место