Кедев го искачи Broad Peak (8.051 мнв), 12-ти врв во Светот

Сабота, 30 Јули 2022

Познатиот македонски кардиолог и алипинст Сашко Кедев вчера го освоил и Broad Peak, дванесетиот нависок планински врв во светот висок 8.051 метар. Веста за ова може да се прочита на интернет страницата  „Мt Еverest Тoday.com“.  Името на Кедев е меѓу членовите на алпинистичка експедиција кои тргнале во поход кон овој врв.

- „На 29 јули, планинарите се искачија на Broad Peak околу 13:30 часот по пакистанско време. Според информациите, тие се соочиле со обилен снег. Истиот ден сите членови безбедно се вратиле во кампот 3. Тие сега се спуштаат назад во базниот камп“, се наведува на оваа интернет страница.

Покрај имињата на водичите – шерпаси и на Сашко Кедев се наведени и имињата на останати алипинисти – учесници: Џина Мари Рзучидло, Џил Витни и Наоки Ишихава

Broad Peak е планина во Каракорам на границата на Пакистан и Кина, дванаесетта највисока планина во светот со 8.051 метар (26.414 стапки) надморска височина. За прв пат беше освоена во јуни 1957 година од Фриц Винтерстелер, Маркус Шмук, Курт Димбергер и Херман Бул од австриска експедиција.

Новото освојување се случува само кусо време откако на 22 јули Кедев се искачи и на врвот К2, висок 8.611 метри, втор највисок на светот по Монт Еверест (8.848).

Со ова, тогаш Сашко Кедев стана првиот и единствен Македонец, кој има искачено четири врва од 14-те тн. „осумилјадарки“ (над 8.000 метри). Во април годинава го освои Даулагири, седмиот највисок на светот (8.167), а лани Манаслу, висок 8.163 (осми во светот). Во 2009-та се качи на врвот на Монт Еверест.

Фото: Imagine Nepal

 

Last modified on Сабота, 30 Јули 2022 - 16:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.