Македонски велосипедисти го искачија Дамаванд (5.609 мнв)

Недела, 31 Јули 2022

Несекојдневен успех и македонски спортски раритет - тројца Македонци со велосипеди се искачија на вулканскиот врв Дамаванд, највисок во Иран и во западна Азија.

Никола Нешкоски, Илија Деревјов и Лазо Миновски станаа првите Македонци кои со велосипед се искачиле на Дамаванд (5.609 м.), заспан вулкан во Иран и највисокиот врв во оваа земја и во западна Азија.

Несекојдневниот подвиг, за кој се потребни неколку дена, е вистински физички и ментален предизвик, а и искачувањето и спуштањето се изведува со комбинирано возење, туркање и носење на велосипедите на грб.

„Идејата за Дамаванд беше поради фактот дека сме велосипедисти, кои возат интересни и поекстремни терени. Лани бевме на Килиманџаро, а оваа година се решивме за Дамаванд. Почнавме од 2.400 метри надморска височина, првиот ден до 3.000. Вториот ден од 3.000 до 4.200 мнв, малку одмор и аклиматизација до 4.500 мнв. Наредниот ден ги носевме точаците до 5000 метри и ги оставивме да преспијат“, вели за „Слободен печат“ Нешкоски.

Вчера почнале пешки, до 5.000 мнв., а потоа точаците ги понеле на грб до врв. По краткото исполнето задоволство следело спуштањето кое било посебно искуство, со возење и туркање на велосипедите низ кршните ирански предели.

Врвот Дамаванд, кој се наоѓа близу брегот на Каспиското Море и има посебно место во персиската и модерната иранска култура, важи за релативно тежок врв за искачување и за планинарите, а спаѓа во екстремните маунтин-бајк тури на кои тргнуваат само најподготвените велосипедисти.

 

Last modified on Недела, 31 Јули 2022 - 18:18

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте

Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,

Повеќе

Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери

Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со

Повеќе

Од 1 септември мерки за заштеда на струја

Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и

Повеќе

Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците

Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната

Повеќе

Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра

Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори

Повеќе

Кривични пријави за двајца гевгеличани

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради

Повеќе

Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување

На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на

Повеќе

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.