Празничната слика на Дојран за 2-ри август беше топло време, преполни плажи, преполно шеталиште, и многу гости.
Некои со време резервирале за престој во Дојран, а еднодневните празнични гости од немајкаде, а со ниет да поминат празнично некаде надовро од дома, ги запоседнаа патеките за шетање и претворија во паркинг зони, тревнатиот простор во кампинг за шатори, зелените зони под сенките ги пренаменија во зони за разгорување и печење на скара.
Полни кафиќи, полни ресторани, полни плажи капачи, музика до доцна во ноќта, со празнична дозвола, или не. Тоа беше вистинско прзанично-туристичко торнадо од гости кое секој Илинден го доживува Дојран, со причина, зошто е туристичко место, и зошто 2 авгут, денот на Св. Илија од дамнина се слави како патрон на овој град.
Сите со впечатоци, угостителите со полни каси, а плажите и шеталиштата покрај Дојранското езеро денеска се разбудија со преполни корпи за отпадоци, со смет расфрлан насекаде, по тревниците, а не беа поштедени ниту жардинерите.
Се' би било во ред, ако малку се покаже туристичка култура: Тоа што го носиш од дома за храна, амбалажа од пијалоци да го собереш во кесе и да го фрлиш во најблискиот контејнер. Ако го нема, до следниот најблизок контејнер, или во корпата за отпадоци дури до дома. Вака, послепразничната слика на Дојран денеска е жална. Комуналците не можеа да престасат со работа дури трае работниот ден. Ќе треба два дена чистење од несовесните посетители за крајезерска забава и целодневно и целовечерно 2-ро августовско празнување во Дојран.
Фото: Б. Делев
Image Gallery
https://gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=7228:dojran-go-preziea-praznicnoto-tornado-od-gosti&Itemid=663#sigProGalleria13780ed54a
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте
Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,
Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери
Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со
Од 1 септември мерки за заштеда на струја
Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и
Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците
Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Кривични пријави за двајца гевгеличани
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција