Луксузно континентално патување за одбрани гости кои можат да платат билет кој од 14 до 30.000 евра го нуди моќната железничка композиција „Golden Eagle Danube Express“ составена од 14 патнички коли, вагони за спиење, вагони за јадење. Несекојдневното патување низ Европа со овој железнички превоз трае 12 дена со посета на неколку балкански градови.
Возот вчера помина и низ Гевгелија. Задоволството да ја видат внатрешната раскошност и амбиентот во кој уживаат малубројните патници на железничката Европска турнеја ја имаа железничките полициски и царински службеници од Гевгелија.
Овој воз сообраќа само еднаш оваа годината. Ексклузивниот патнички воз сообраќа на релација Венеција - Истанбул - Венеција. Завчера беше во Скопје, вчера претпладнето во Велес и овде беше направено кратко видео како возот поминува низ македонската железничка пруга. Вчера го продолжи патот до Солун, а ледната дестинација е Инстанбул.
Возот имал вкупно 60 патници, повеќето Американци, кои допатувале со авион до Венеција, и патуваат до Истанбул. Од таму нова група од 60 патници исто така Американци ќе се вози 12 дена до Венеција.
„Golden Eagle Danube Express“ е вашиот луксузен хотел на тркала. Се гордееме што го нудиме најдоброто искуство на нашите патувања, а покрај нашите луксузни кабини за спиење, нудиме првокласен бар-лоунџ автомобил и автомобили за ресторани“ пишува во објавата за ова патување со навестување дека сите гости од кабината имаат свој кабински придружник кој се грижи за сите нивни потреби во текот на патувањето.
Рутата на патување опфаќа посети на Венеција, Трст, Љубљана, Загреб, Сараево, Мостар, Белград, Скопје, Солун, Софија, Пловдив и Истанбул.
Возот веќе има термин и за враќање низ Гевгелија. Тоа треба да се случи на 10-ти август во попладневните часови.
И на крај за цената во делукс кабини за двајца е 21, 5 илјади евра а за еден е 14,4 илјади евра. За супер делукс кабини за двајца е 18 илјади евра за еден е 30 илјади евра.
Гевгелиската железница од нејзиниот почеток ја посетувале великодостојници. Еве сега и луксузни патници со луксузен воз како од времето на „Ориент експрес“ кој го опишува познатата Агата Кристи.
Фото: „Golden Eagle Danube Express“
Видео: Петар Печков
Image Gallery
https://gevgelijanet.com/index.php?option=com_k2&view=item&id=7232:luksuzniot-voz-golden-eagle-danube-express-pomina-niz-gevgelija&Itemid=663#sigProGalleria6dbbf141e4
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
ЈОУДГ „Детска Радост“ со радост расте
Децата од Детската градинка „Детска Радост“ Гевгелија денеска со песнички,
Министерката Тренчевска на средба со гевгелиските пензионери
Здружението на пензионери од Гевгелија брои над 4.500 членови, располага со
Од 1 септември мерки за заштеда на струја
Владата донесе мерки за заштеда на струја до 15 отсто – за домаќинствата и
Невреме во Кавадарци ги поплави и оштети улиците
Обилните врнежи во Кавадарци поплавија подруми од куќи, а оштетена е и главната
Нова инвестиција e.GO во Македонија,вредна 100 милиони евра
Најновата инвестиција во државата доаѓа од Германија и ќе ја претвори
Кривични пријави за двајца гевгеличани
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Д.(32) од Гевгелија, поради
Одземен пасошот на Жан Митрев како мерка за обезбедување
На барање на ЈО, судија на претходна постапка го прифати предлогот и на
Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци
Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај
Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица
Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.
РКЕ ги намали цените на горивата
Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција