Пепи од ПСК „Двете уши“ на врвот Арарат (5.137 мнв)

Сабота, 06 Август 2022

Пепи Аврамов, долгогодишен планинар, алпинист и еден од оснивачите на ПСК „Двете уши“ од Гевгелија вчера, 5 август 2022, го искачи врвот Арарат, висок 5.137 метри надморска висина, лоциран во Турција. Арарат е заспан вулкански масив и највисока планина во Турција и сета Ерменска Висорамнина. Познат е и по името „Покривот на Турција“.

Аврамов во оваа искачувачка мисија не е сам, то е член на Балканска експедиција планинари од Македонија, Србија, Хрватска и Бугарија, предводена од Зоран Павловиќ.

Висинскиот предизвик до Арарат траеше 4 денови поради потребата од аклиматизација на планинарите на висинските услови и разредениот воздух над 3.000 мнв. Три дена и две ноќи беа потребни за аклиматизација на планинарите. Првата ноќ ја поминаа во шатори, на 3.400 мнв, а втората на 4.200 мнв. Завршното искачување започна од 4.200 мнв и до врвот траеше 5 часа и 20 минути“ - изјави за GevgelijaNet гевгелискиот планинар Пепи Аврамов.

Аврамов во текот на своето планинарско искуство има икачено и други познати врвови во странство:
- Балканскиот предизвик Мусала (2.925 мнв), највисокиот врв на Балканот кој се наоѓа на планината Рила во Бугарија, го има искачено 4 пати (2 пати во летен период, 2 пати во зимски услови, еднаш преку Боровец);
- Врвот Вихрен (2.914 мнв) во Пиринска Македонија, денеска Бугарија, го има искачено 2 пати заедно со Бански Суходол преку превој Кончето и врвовите Кутело 1 и Кутело 2;
- Врвот Трем, (1.810 мнв) на Сува планина во Србија, искачен во зимски услови;
- Зимско искачување на Миџор, (2.169 мнв) на Стара планина, Србија.

Покрај врвовите Мусала, Вихрен, Миџор и Трем, искачувањето на Арарат е петто планинарско остварување на Аврамот како член на ПСК „Двете уши“. Ова се воедно и 5-те меѓународни акции на ПСК „Двете уши“ годинава.

Како подготовки за остварување на последниот предизвик над 5.000 метри Аврамов со членовите на гевгелискиот планинарски спортски клуб „Двете уши“ годинава ги реализираше акциите за искачувањата на Титов врв, Љуботен, Солунска глава, Мусала, Вихреин како и редовни акции за искачување врвови на нашиот Кожуф во летни и зимски услови.

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Повредени 35 лица во сообраќајка кај Марвинци

Возач на камион кој вчера се преврте со својот нелегален товар - мигранти кај

Повеќе

Превртен камион кај Марвинци, повредени 29 лица

Во сообраќајка која се случила вечерва кај с.Марвинци, повредени се 29 лица.

Повеќе

РКЕ ги намали цените на горивата

Најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика носи надолна корекција

Повеќе

Пожарот кај Фурка и Паљурци локализиран

Тимот за брз одговор на ДЗС и силите на ТППЕ Гевгелија со неколку распоредени

Повеќе

Царина заплени 13,3 кг злато и 30.000 евра на ГП Табановце

Голем успех во откривање на нелегален транспорт кој има криминален карактер -

Повеќе

Пожарот кај Фурка стаса до Паљурци

Веќе 14 часа трае борбата за гаснење на пожарот кој утринава изби во атарот на

Повеќе

Активен пожар кај с.Фурка

Утрово во ТППЕ Гевгелија околу 9 часот пријавен е пожар на отворен простор во

Повеќе

Одбележан панаѓурот во с.Ума

Со бројни гости и служење курбан вечера во дворот на црквата „Свети

Повеќе

Се реконструира патот до Смрдлива вода

Во тек е реконструкција на патниот правец R1108 кој води до излетничкото место

Повеќе

Пожар во Ст.Дојран, загина една жена

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.