Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се приведени во полициска станица откако Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.

Двајца од нив се актуелни управители на сектори во ЕВН Електрани Македонија. Полицијата се сомнева дека управителите свесно и со намера, изготвиле анализа во која прикажале лажни податоци за земјишта во делчевско кои не ги исполнуваат законските услови за пренамена од земјоделско во градежно земјиште со цел ЕВН на истите да гради фотонапоснки централи.

„Со тоа тие го довеле во заблуда Управниот одбор на ЕВН Македонија да донесе Одлука за склучување на договори за купопродажба на недвижен имот за изградба на фотонапонски централи, врз основа на која одлука се склучени договори со останатите четворица пријавени. Така управителите овозможиле на сметките на дел од пријавените од ЕВН да се исплатат вкупно 99.431.060 денари за земјишта чија реална пазарна вредност изнесува 2.146.723 денари.“ - велат од Управа за финансиска полиција.

Третиот пријавен пак помагал сето ова да се реализира во пракса. Останатите четворица пак свесно и со намера во пресрет на локалните избори 2021 година склучиле деветнаесет договори за дар на недвижен имот, договори кои во суштина биле договори за купопродажба на недвижен имот, затоа што, како што соопштија од Финансиската полиција, на денот на склучување на договорите им биле исплатени пари во кеш. Со ова, велат од полицијата пријавените ги извршиле кривичните дела „Измама во службата“ „Соизвршителство“ и „Помагање“

Додека од ВМРО-ДПМНЕ се' уште нема реакција од СДСМ веднаш се јавија со соопштение за јавноста.

„Случајот „Криминални плацеви“ води директно до Христијан Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ за кои јавноста беше информирана пред локалните избори, добива епилог. Денес пред законите сите се еднакви, секој кој сторил кривично дело мора да одговара.“ - велат од СДСМ.

Според истрагата, една недела пред стартот на кампањта за локалните избори 2021 година, ЕВН Електрани, фирма ќерка на ЕВН Македонија, купила најмалку седум парцели во околината на Делчево. Целта на ЕВН била на овие парцели да постави фотонапонски централи за производство на електрична енергија. Парцелите биле продадени на ЕВН Електрани по цена од околу 800 денари за метар квадратен, а сопствениците на земјиштето само три недели претходно го купиле по цена од 15 до 20 денари за метар квадратен. Седумтемина биле роднински и пријателски поврзани.

Според информациите на ТВ 24, осомничените утре треба да бидат изведени пред судија на претходна постапка, а обвинителството ќе треба да одлучи и дали за осомничените ќе побара мерка притвор.

 

Од дамнина дојранската трпеза важи за специфична и со зачувани традиционални вкусови од поднебјето, од плодовитe на езерото, но магијата е и во подготовката на вредните раце на домаќинките, а не помалку вредни се и домаќините.
Е, токму гастрономијата е основата на традиционалниот “Дојран Гурман фест” кој и годинава ќе ги собере на едно место сладокусците и локалните домаќини и угостители.

Фестивалот на дојранското кулинарство е во организација на здружението на жени “Дојрана” од Нов Дојран и Општина Дојран.
Времето на одржување е во недела на 29.05.2022 година, со почеток во 19.00 часот, под отворено небо, на тениското игралиште во склоп на ООУ “Кочо Рацин” во Нов Дојран. Организаторите ги покануваат љубителите на добрата храна да им се придружат на фестивалската фешта на вкусови од поднебјето на Дојран,

- „Настанот кој ќе понуди гастрономско патување низ автентичните вкусови на традиционалната кујна од дојранското поднебје. На менито ќе бидат традиционалните јадења како крап во тава, перкија, белвица и сом, нема да изостанат и вкусните пекарски производи, а за искуството да биде целосно, познататата дојранска баклава и татлија неизбежно ќе се најдат на софрата“ - вели со поканата до посетителите градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов..

Жените, членки на здружението „Дојрана“ велат дека настанот го организират со голем ентузијазам и љубов, а целта е да се промовира целокупната туристичка понуда на Дојран. 

Секое задоволство проследено со пригодна забава е двојно задоволство, па така вечерта на гурманскиот фестивал предвиденa е и богата забавна програма. со настап на музичарите од “Мерак меана”. 

Велигденско, мајското туристичко добредојде на дојранските угостители продолжува да ја промовира дојранската туристичка понуда и со специфичната гастрономија и специјалитетите од локалното поднебје.

Недела, Дојран повелете на „Дојран гурман фест“.

 

Редовните полициски контроли и во време на засилени патнички посети на меѓународниот граниен премин Богородица вродуваат резултат.

Синоќа полициски службеници вработени на ГП „Богородица“ го лишиле од слобода К.Е.(71) од Република Грција.
При проверка на патничката документација полициските службеници констатирано дека К.Е. е евидентиран во службена евиденција за приведување со судска наредба поради сомнение за сторено кривично дело по член 279 од Кривичниот законик.

Настанот се случил воо 22:30 часот, вчера, среда на 25.05.2022 година.
Притворениот бил предаден во СВР Струмица за понатамошна постапка.

Членот 279 по кое се терети приведениот и тоа по судска наредба, се однесува за „Даночно затајување“ според Кривичниот Закон на РМ и во него за сторителот е предвидена казна од шест месеци до пет години затвор вклучително и парична казна, а ако сторителот на даночното затајување е правно лице се изрекува парична казна.



Српската православна црква (СПЦ) на заедничка литургија во Соборниот храм „Климент Охридски“ во Скопје објави дека Соборот едногласно одлучил да признае автокефалност на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА).

Веста ја објави српскиот патријарх Порфириј во обраќањето од соборниот храм, а истата беше проследена со долг и громогласен аплауз од присутните верници во и околу црквата.

По упатувањето на томосот за автокефалност од СПЦ до Вселенската патријаршија, сега ќе треба да следи и официјалното прогласување од страна на вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Во продолжение погледнете ја галерија од денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ-ОА во Скопје.

 

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов денеска на прес конференција одржана за медиумите се осврна на шестомесечниот период од работењето на градоначалникот на општина Гевгелија, Сарамандов, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

На пресот Атанасов истакна:
- „Преодот на локалната власт во рацете на Сарамандов, пред шест месеци, остави празни неостварени надежи за гласачите. Наместо ветените новини за туризмот, младината, спортот и екологијата, (програмските столбови на Сарамандов), новиот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ потона во своето незнаење.
За шесте месеци од својот мандат Сарамандов, направи чекор назад - ја запре изградбата на Западниот булевар во Гевгелија. Заборавајќи на своите изборни ветувања, Сарамандв се сврте кон промоција на проекти наследени и финансиски обезбедени од претходната локална власт, како што е изградбата на младинскиот дом во Прдејци, доградбата на последната делница од патот кон Ума.

Гевгелија заслужува подобро и повеќе од оваа себесликачка празнина како што е неспособниот градоначалник од редовите на ДПМНЕ! “ - рече Атанасов, од името на ОО на СДСМ Гевгелија на денешниот прес посветен за шестомесечјото од мандатот на новиот градоначалник на Гевгелија.

Првиот донор на срце во државата, дојранчанката Емилија Динева ќе остане запаметена во медицинската историја во Македонија, но нејзе не ја забораваат ниту сограѓаните, дојранчани од каде таа го пренесе своето срце кај друг примател.

Денеска во нејзина чест, спомен и неизмерна благодарност за хуманизмот и чинот кој помести граници во човековиот алтруизам, беше отворено, предадено во употреба новоизградено детско игралиште именувано по дојранчанката Емилија Динева - првиот донор на срце во Македонија.

- „Навршија две години откако нашата драга сограѓанка, органодонор – Емилија, не е физички помеѓу нас, токму затоа сите ние, соседи, пријатели, роднини, почитувачи на нејзиното дело, познавајќи ги нејзините желби го направивме ова детско игралиште, за постојано овде да се слуша детски џагор, онака како што таа сакаше... да биде опкружена со деца, со смеа, најмногу од се, со љубов. Токму на таков начин е изградено и ова игралиште – со донации, со желба да постои, со многу почит и љубов. Ви го предаваме вам, драги пријатели, добронамерници, да престојувате овде и засекогаш да го зачуваме споменот за нашата драга сограѓанка“ - итакна градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов при чинот на предавањето на играиштето во употреба.
.
Донаторите на органи се вистински херои, Емилија Динева е една од нив. Нејзиното име засекогаш ќе биде запаметено во поновата медицинска историја кај нас, таа беше и ќе остане синоним за добрина, хуманост, човекољубие. Емилија на еден несекојдневен начин, благодарение на несебичноста на нејзиното семејство - продолжи да живее, нејзиното срце физички, а нејзиниот дух и убавината на нејзиното постоење емотивно, во секој од нас.

Дојранчани се заблагодарија за која Емилија ја остави позади себе, потсетувајќи дека нејзиното име ќе биде забележано во колективната меморија на нашиот народ и дека Емилија никогаш нема да биде заборавена

После поставувањето на Срце- спомен обележје во градскиот парк во Дојран, отварањето на детско игралиште со името на Емилија, е вториот спомен и благодарност на дојранчани за својата сограѓанка, големата хумана Емилија Динева.

 

На 10 минути после полноќ, во текот на вчерашниот ден недела 22 мај лишен е од слобода 35 годишник од Стар Дојран.

Во полицискиот извештај стои наведено дека:

„На 22.05.2022 околу 00:10 часот во близина на Граничен камен 55/5–с.Богородица од полициски службеници од Полициска станица Богородица е лишен од слобода Н.М. (35 г.) од Стар Дојран“.
Н.М. се терети затоа што преку границата со Р.Грција пренесувал торба со 82 пакувања од 10 кутии на различни видови цигари и 10 пакувања тутун.
Цигарите и тутунот се акцизна стока која подлежи на царински давачки кон државата и со тоа е направен трговски и царински прекршок.

За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот кон притворениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, известуваат од МВР.



Денот на браќата Кирил и Методиј, основоположниците на македонската и Сесловенска писменост, освен книжевна, литературна има и своја црковна вредност и одбележување поради духовниот живот кој го живееле и мисијата која ја остварувале под закрилата на Црквата за описменување на словенските народи.

Поради тоа, овој ден има свои одбележувања и во црковните храмови низ државата и светот.

Црквата „Свети Кирил и Методиј“ од Гевгелија подготвува богата празнична програма за одбележување на своите светители, именосците на храмот во Гевгелија.
Во предвечерието на празникот, 23 Мај најпрво ќе биде принесен Акатис, петтолебие за светите браќа;, а од 18:00 часот ќе настапи градскиот хор „Гортинија“ со репертоарот од духовни песни во исполнение на хорскиот состав, а програмата ќе продолжии со гевгелиската група на исполнувачи на староградски народни песни од гевгелискиот крај „Распеани Гевгеличани“.

Самиот ден Свети Кирил и Методиј, 24 Мај ќе биде одбележан со Света златоустова литургија која започнува во храмот во 11:00 часот, а програмските одбележувања продолжуваат со настап на хорот „Македонија“.
Новина во одбележувањата е што за прв пат во Гевгелија низ улиците и плоштадот во Гевгелија ќе прошета Торжествена Литија на мошти од 40 светители.

За многу години да е денот и светоста и светите придобивки за цивилизацијата, писменоста, книжевноста и литературата за разбирање и зближување на народите со делото на браќата Светите Кирил и Методиј.

Поканата за одбележувањето на несекојдневен свечен начин овој пат ја објавува отец Русе Жековски, свештеник од Гевгелиското Архиерејско намесништво, со амбиентот на црквата именосец на светителите каде ќе се одвиваат празнините одбележувања.

За Денот на пожарникарите 20 Мај, денеска претставници на советничката група на СДСМ и коалицијата во гевгелискиот Совет ја посетија единицата на ТППЕ Гевгелија и им изразија честитки за нивниот ден и посветената досегашна работа.

Гестот на благодарност од името на граѓаите кои ги претставуваат во локалниоот совет го изразија и со доделување посебна Благодарница за овој посебен ден на пожарникарските сили во Гевгелија и Државата.

Во Благодарницата стои дена Советничката група на СДСМ Гевгелија со коалицијата по повод 20 мај Денот на македонските пожарникари доделува благодарница на ПОЖАРНИКАРИТЕ вработени во Територијалната Противпожарна единица - Гевгелија за целата нивна професионалност, храброст, пожртвуваност, солидарност, помаѓање и подготвеност, за справување со секакви ситуации со цел заштита на граѓаните и природните добра.

Советничката делегација на СДСМ и коалицијата ја сочинуваа Миле Атанасов, Елизабета Сивова и Виктор Кралев.

Благодарницата ја прими командирот на ТППЕ Гевгелија Игор Ризов. Се разбира, секое разбирање на заедницата и претставниците на локалната власт за карактерот и тежината на одговорноста на противпожарните сили е потстрек повеќе за понатамошна посветена работа во интерес на заштита на граѓаните и општествените и природните добра во регионот на работна одговорност на ТППЕ Гевгелија, истакна на средбата командирот Ризов.

Честитки и мирна работна сезона, без пожарно лето!

 

Кривичниот суд во Скопје денеска изрече затворски казни за обвинетите во случајот „ТНТ“, којшто го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство. За уривањето на објектот „Космос“ во 2011 година на бизнисменот Фијат Цаноски, на девет години затвор е осуден експремиерот во бегство, Никола Груевски, додека на поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, му е изречена првостепена пресуда од четири години затвор.

Иста казна доби и градежната инспекторка Елисавета Најдовска, додека поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е осуден на три години затвор. Тројца членови на Комисијата за јавни набавки се ослободени од обвинението.

Според пресудата, осудените ќе треба солидарно да ја надоместат штетата којашто му е нанесена на бизнисменот Фијат Цановски во износ од над 683.514.964 денари.

Тие беа обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување“. Според обвинението, во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

 

Страница 9 од 229

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.