- „Поради непостапување согласно законските овластување, градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов ги изгуби надлежностите во делот за избор на кандидат за директор на ЈОУДГ „Детска радост“ Гевгелија“ - известуваат денеска од Општинската организација на СДСМ Гевгелија.

„Надлежностите на неодговорниот Сарамандов му ги одзеде Министерството за труд и социјална политика со РЕШЕНИЕ донесено на ден 27.06.2022 година, согласно член 201 од Законот за заштита на децата и член 57, став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа. Наместо неодговорниот гевгелиски градоначалник, одземените надлежности во делот на детската заштита ќе ги врши Министерството за труд и социјална политика на РСМ и тоа во рок од една година“, велат во денешното свое известување гевгелиските социјалдемократи.

„Ова е второ решение за одземање на надлежности во сферата на детската заштита кое градоначалникот на Гевгелија го „заработува“ од Министерството за труд и социјална политика. Претходно во април годинава МТСП му ги одзеде надлежностите во однос на завршната сметка.

Се редат поразите на неработникот Сарамандов. Каква не грижа покажува првиот функционер во општината кога е во прашање грижата за децата, нивно згрижување од најмала возраст и воспитување на најмалите жители на општина Гевгелија!?

Заедно со Решението за одземените надлежности на Сарамандов над ЈОУДГ „Детска Радост“ истиот ден МТСП ја разреши в.д. директорката на Установата поставена од градоначалникот на општина Гевгелија. Со посебно Решение истиот ден МТСП изврши избор на директор кое ги има сите права и обврски согласно актите на ЈОУДГ „Детска радост“, Законот за заштита на децата и другите законски прописи.

Каков срам за неспособниот градоначалник на Гевгелија, каква бесчувствителност кон децата и установите за нивно згрижување покажува инфантилниот гевгелиски „НЕ ТАТКО на градот“, заклучуваат во денешната своја јавна реакција од ОО на СДСМ Гевгелија.

- “Со новиот предлог не е загрозен македонскиот јазик и идентитет, она што нас ни беше голема борба неколку години. Тој го гарантира македонскиот јазик како еден од идните официјални јазици на Европската Унија и македонскиот идентитет”, напиша на својата страница на Фејсбук Бојан Маричиќ, заменик претседател на Владата за Европски прашања истакнувајќи дека “протоколот како таков веќе го нема во преговарачката рамка, она што се споменува се годишните прегледи”.

Договорено е со наша согласност и тоа е еден вид на гаранција дека никој ништо не може да ни' наметне во овој процес и дека со билатерален механизам ќе ги решаваме разликите.

“Историските прашања не влегуваат како критериуми во преговарачката рамка, а ниту еден од овие прегледи не е формален критериум на Европската комисија, ниту според нив се прави било какво влијание на преговорите во било кое поглавје”, наведе Маричиќ.

“Направивме многу. Плодот на заложбата и искрена посветеност на целиот процес е вчерашниот предлог. Ова е историска можност за ставање крај на лавиринтот за решавање на отворените прашања со Бугарија, и отварање на долгоочекуваните преговори со ЕУ”, напиша Маричиќ.

Од денеска започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период, од 1 јули до 31 август на државните патишта, со кој се забранува движење на тешки товарни возила, чија вкупна маса преминува 15 тони, за време на деновите од викенд и за денови при екстремно високи температури, соопштија од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Временските интервали на забраната се:
- во петок од 17 до 22 часот,
- во сабота од 9 до 18 часот и
- во недела од 9 до 22 часот.

„Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот“, додаваат од Автомотосојузот на Македонија.

Ограничувањето, од АМСМ велат дека не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.



Изминатите години, иако во ковид амбиент, бројот на регистрирани занаетчии во Гевгелија и регионот расте. За тоа пројавиле интерес умешни занаетчии, вршители на занаетчиска дејност со цел остварување на нередовен прилив на парични средства, а преку Занаетчиската комора и афирмација на својата дејност.

Фактор на интерес за усмерување кон оваа дејност беа и анти-ковид мерките на Владата која доделуваше финансиска помош за дејностите погодени од корона состојбите во државата, потоа ослободување од ДДВ, намален персонален данок за занаетчиите, субвенции на плати, како и грантови за самовработување преку Агенцијата за вработување на РСМ.

Особено погодни беа грантовите од АВРМ кои овозможуваа самовработување со финансиски грант од 307.500,- денари. Во 2021 година такво самовработување направија 35 занаетчии од кои 21 во Гевгелија. Во другите општини од РЗК исто така имаше интерес и свое професионално вработување преку АВРМ остварија и уште 8 занаетчии во Богданци, 6 во Валандово.
Самостојно, без користење на финансиски грант се формираа уште 5 занаетчиски дејности, и тоа 1 во Богданци и 4 во Гевгелија.

Сето тоа укажува дека анти-ковид мерките на Владата биле широкот прифатени од умешните занаетчии во Гевгелија и регионот, па занаетчиската дејност продолжила да расте како една специфична и барана стопанска гранка во локалната економија.

Регионалната занаетчиска комора со седиште во Гевгелија денеска брои 310 регистрирани занаетчии евидентирани во РЗК за регионот на Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово. Овде доминираат фризери, козметичари, автомеханичари, автолакери, лимари, електричари, ѕидари, молери, поставувачи на подни облоги, изработка на мебел, и други дејности неопходни за секое домаќинство.

Занаетчиите од Гевгелија задоволни што општина Гевгелија имала слух за нивните барања, па годишната комунална такса за занаетчиите од 500 била намалена на 350 денари за 2000, 2021 и 2022 година. Ваков потег немаше од страна на другите општини за занаетчиите кои егзистираат во нивниот општински атар (Богданци, Валандово и Дојран), што е потенцирано како позитивна соработка помеѓу РЗК и Општина Гевгелија.

 

До Владата на Република Македонија, преку Министерството за надворешни работи, од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови.

Премиерот Димитар Ковачевски потврди дека пристигнал француски предлог за проблемот со Бугарија, во како што вели биле земени ставовите на македонската страна.

- „Денес до Владата од француското претседателство пристигна предлог со идеи кои се однесуваат на нашите jaвно изнесени позиции и ставови во однос на спорот со Република Бугарија.

Овој предлог, при чие изготвување се земени предвид нашите позиции и барања, ќе биде ставен на широк консултативен процес. Консулатции во следните денови ќе се прават во Владата, со политичките партии, со Претседателот на државата, Парламентот, како и со граѓанскиот сектор, експертската и севкупна јавност во земјата. По овие консултации ќе се донесе одлука во однос на предлогот.

Како што ветивме и наспроти шпекулациите на опозицијата, одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме заеднички согласно стратешките интереси на земјата и на сите наши граѓани.

Веста за новиот предлог -компромисно решение и за двете страни ја обкави францускиот претседател Емануел Макрон, на крајот на Самитот на НАТО денеска во Мадрид.
Упатувам благодарност до Претседателот Макрон и Француското претседателство, за нивните напори да се надминат пречките и да се зачува европскиот кредибилитет на Балканот“, напиша на ФБ Ковачевски.

Гевгелискиот СДСМ по вчера одржаната 11 седница на Советот на општина Гевгелија реагираат за утврдени манипулации на Општина Гевгелија со Владината програма за рурален развој. Во својата реакција тие велат:

„Советот на општина Гевгелија со гласовите на мнозинството кое го сочинува ВМРО-ДПМНЕ на последно одржаната седница, вчера денеска донесе одлука за утврдување приоритет на проект „Пристапен пат до земјоделско земјиште во КО Мрзенци, општина Гевгелија“.

Со овој проект општина Гевгелија има намера да аплицира на јавен повик од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за користење на средствата од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој за 2022 година. Средствата се во износ од 1.000.000 денари и треба да бидат целосно покриени од Државната Агенција, по завршувањето на инвестицијата, односно 100% државни буџетски средства“ - пишува во реакцијата на СДСМ, а за истата одлука потврда за изгласување има објава и на ВЕБ страната на општина Гевгелија

Намерата би била во ред, велат гевгелиските социјалдемократи, доколку се работеше за обезбедување пат до земјоделско земјиште. Но, самиот образлагач на општината на 11-та седница на Советот потврди дека ова е трасата за пат до месноста Топлик, каде општина Гевгелија со годишната капитална програма планира да изгради локален парк.

- „Како тоа гевгелиската локална самоуправа се осудува да ги обманува и манипулира државните фондови, конкретно Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, аплицирајќи за доделување средства за изградба на пат до локалитетот Топлик, наместо до земјоделските посеви на жителите од општина Гевгелија!?
Имаат ли земјоделците од Моин, Негорци, Прдејци, Миравци, Милетково, Кованец, Горничет свои локални земјоделски патишта кои подлежат на оваа програма за рурален развој и изградба на пристапни патишта, а Општината и градоначалникот Сарамандов ги заборавиле!?“ - прашуваат од гевгелиската ОО на СДСМ.

- „Убав е залезот кај Топлик, ама патот до него не е земјоделски“, оценуваат во својата реакција кон одлуките на општина Гевгелија од СДСМ Гевгелија.

Повторно нарушување на јавниот ред и мир во Дојран, овој пат во Стар Дојран.

35-годишен жител пријавил дека бил нарушен јавниот ред и мир пред угостителски објект во Стар Дојран

На 28.06.2022 во Полициското одделение Нов Дојран, М.Ј.(35) од Стар Дојран пријавил дека околу 11:50 часот пред угостителски објект во Стар Дојран, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 28.06.2021 во 20.30 часот во Полициската станица Валандово, З.Д.(57) од Валандово пријавил дека околу 18:10 часот на работно место во фабрика во Валандово бил физички нападнат од П.К.(62) од с.Костурино. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извештаите за зовриената крв на жителите од југот ги даде МВР.

 

Струјата поскапува за 7,4 отсто во просек за првите три блок тарифи. Ова е одлуката која ја донесе Регулаторната комисија а ја соопшти претседателот Марко Бислимовски. Поскапува и мрежарината и евтината струја, а новина е што за фирмите се воведува евтина тарифа. Регулаторите децидни, воведувањето на четирите тарифни блока спречи покачување на цената на струјата која би достигнала дури 17 отсто.

„Регулаторната комисија донесе одлука со која просечната цена се зголемува за 7,4 проценти и ќе опфати 98,8 отсто до домаќинствата. Доколку не постоеа овие блок тарифи кои ги воведовме неделава, просечната цена која ќе ја плаќаа сите домаќинства ќе се покачеше за 17 отсто“, кажа Бислимовски.

Гледано низ бројки киловатчас во високата (скапа)- тарифа досега чинеше 7,3 денари а отсега ќе чини 7,7 денари додека во ниската (евтина) тарифа киловатчас чинеше 3,67 денари а сега ќе чини 3,99 денари

По блок тарифи зголемувањето на цената на струјата изгледа вака:

Прв блок, до 210 киловат часови – 5,5 отсто

Втор блок, од 211 до 630 киловат часови – 10,3 отсто

Трет блок, од 631 до 1.050 киловат часови – 18,3 отсто

Четврти блок од 1.051 киловат час – 138,7 отсто.

 

Или пресметано во денари:

НИСКА ТАРИФА: 3,99 ден/kWh

Тарифник за ВИСОКА ТАРИФА:

ПРВ БЛОК: 7,7 ден/kWh

ВТОР БЛОК: 8,05 ден/kWh

ТРЕТ БЛОК: 8,63 ден/kWh

ЧЕТВРТ БЛОК: 17,42 ден/kWh

Пресметките на регулаторите покажуваат дека сметките кои ќе ги плаќаат граѓаните ќе бидат различно во зима и во лето, но битно е да се напомене дека за овние домаќинства што трошат помалку струја во високата тарифа ќе има мало зголемување на сумата во сметките додека оние што трошат исклучително многу струја во четвртиот блок ќе плаќаат и до два и по пати повисока цена.

Новина е што за правните лица се воведува ефтина тарифа а цената на индустриската струја ќе чини половина од моменталната цена на слободниот пазар.

 

Долгоногата гевгеличанка, носителка на седум титули за убавина Ана Брзанова од Гевгелија на изборот World Next Top Model 2022 што се одржа во Бејрут, Либан на 22 јуни годинава, ја освои титулата 7-ма придружничка на Miss World Next Top Model 2022, во конкуренција од 32 девојки од светот.

Оваа 22 годишна студентка од Гевгелија зад себе има неверојатна животна победа, а од 2019 година ги реди успесите на Европските и Светски сцени за избор на убавина До сега на својата глава ги понесе круните за 7 освоени титули, и тоа:

- Таа беше „Топ модел Македонија“ за 2019 година;
- Таа беше „Мис Глоуб Србија“ 2020 година;
- Таа беше „Мис на Евроазија“, Србија 2021 година;
- Таа е „Мис на Земјата Северна Македонија“ 2021 година, крунисана на 24 јули 2021 година
- Таа е „Miss Friendship 2022“ избрана на изборот „Miss Europe 2022“ одржан во февруари годинава;
- Taa e „Топ модел Македонија“ за 2022 година;
- Таа е 7-ма придружничка на „Miss World Next Top Model 2022“

Нашето македонско девојче Ана Брзанова во Бејрут престојувае 22 дена со поддршка на Модното студио „Црнокрак“ од Скопје кое ја пласираше како наша македонска претставничка „Топ модел на Македонија 2022“ за светскиот избор „Miss World Next Top Model 2022“.

Ана вели дека деновите поминати во Бејрут на овој избор на убавина, покрај сите обврски и ангажмани имала можност за директен разговор со лица претставници од Кипар, Дубаи и Катар, кои се вклучени во ревии и фотосесии насекаде низ светот, што и' нуди можност да се приближи на светските модни писти. Присуството на таков светски избор и' овозможил соработка со врвни светски фризери и мејкап артисти како и светски познати фотографи и дизајнери.

Ана моментално е апсолвентка на Економски факултет при Американски универзитет на Европа-ФOН и се спрема за одбрана на дипломскиот труд од областа на „Финансиски менаџмент“. Како стипендист на Американски универзитет на Европа таа не сака да ги запостави обврските кон своето академско образование, така што после одржаниот избор на „Miss World Next Top Model 2022“ таа веднаш од Бејрут се вратила на своите задачи како студент.

GevgelijaNET ја праша Ана на што ќе му даде предност понатаму во животот: на академското знаење и професија, или на моделингот, додека уште реди титули?

Ана одговори: - „Се разбира предност ќе добие мојата професија како Финансов менаџер, бидејќи се' останато за мене е хоби и голема страст и љубов. Меѓутоа се' додека се чувствувам спремна и слободна, се' уште ќе чекорам по модните патишта, претставувајќи се себе и Македонија на најпрестижните избори за убавина“.

Ја прашавме нашата гевгеличанка од топлата Македонија: „ Дали е горда на својот успех ?“
Таа вели: „Се разбира! После својата најголема битка, што ја извојував како победник над ракот, се разбира дека при секоја наредна борба/битка/натпревар не би можела да прифатам да изгубам. Пресреќна и горда сум на себе што донесов уште една круна и уште една титула за мене и за Македонија!

Уште многу горделиви настани за Ана, уште многу пријателства, модни сесии и успеси и' посакуваме, зошто секаде со гордост се претставува дека е од Гевгелија, од Македонија.
Честитки Ана!

Собранието на РСМ ги усвои измените на Законот за трговија.
Делот кој се однесува на туристичките места ќе ги израдува тамошните трговски оператори.
Имено, Парламентот на Република Северна Македонија денеска ги одобри измените на Законот за трговија со кои се овозможува сите трговци на мало и големо во туристичките дестинации да работат во недела и државни празници, дефинирани според Законот за празници.

- „Измените на Законот за трговија се очекува дополнително да ја поттикнат економската активност во земјава, особено во туристичките дестинации“ констатира Министерот за економија во Владата на РСМ Крешник Бектеши.
- „Со оглед на податоците што ги имаме од Државниот завод за статистика за зголемувањето на бројот на туристи од почетокот на годината, како и очекувањата согласно веќе направени резервации за странските туристи кои ја посетуваат Северна Македонија оваа сезона туристички, особено Охрид и Струга, во редот со законските измени очекуваме зголемување на туристичката дејност низ целата држава“ оценива Бектеши.

Измените на Законот за трговија беа одобрени преку заеднички дијалог во сеопфатен процес со сите чинители, особено во туристичкиот сектор, а на денешната седница на Собрание истите се усвоени со мнозинство гласови, објави министерот Бектеши на социјалните мрежи.

Работниците во трговските центри кои работат во недела и празници ќе добијат 100 проценти повисока дневница.
Овие законски измени стапуваат во сила откако ќе бидат објавени во Службен весник.



Страница 5 од 229

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.