Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел на прес конференција го отфрли францускиот предлог.

„Северна Македонија е кандидат 17 години. Еве сме тука денес, а преговоротие не се започнати. Ова е сериозен проблем и сериозен удар врз ЕУ. Ние и Албанија и регионот не смееме да тапкаме во место поради една земја членка која не успеава да се координира и да обезбеди деблокирање на нашиот европски пат.

Билатералните прашања не смеат да станат мултилатералрен проблем,. Како земја која е посветена на заеднишко решавање, влеговме во преговори со Бугарија да најдеме решение со европски вредности. Месеци наназад го посветувавме времето кон иднината. Бугарија реши да се врати во минатото и повторно да постави блокада која никому не оди во прилог. Време е ЕУ да ги исполни своите ветувања.

Што се однесува до францускиот предлог, овој предлог е неприфатлив за нас“ - изјави Ковачевски на денешниот прес во Брисел.

- „Предлогот во ваква форма е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за Владата на РСМ, за коалиционите партнери и за граѓаните на Република Северна Македонија“ - потенцираше на пресот премиерот Ковачевски. 

Нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу седум учесници во меѓусебна физичка пресметка е евидентирана вчера во СВР Гевгелија.

Во полицискиот извештај стои дек „На 21.06.2022 во 07.45 часот во Полициската станица Гевгелија, Б.Р. пријавил дека во близина на објект во изградба на регионален пат Гевгелија-с.Негорци, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Во пресметката со употреба на физика сила учествувале Б.Р.(30) од Куманово, И.В.(25) од с.Горно Оризари, Е.Ж.(39) од с.Горно Оризари, Т.Р.(58) од Куманово, Е.Л.(44) од с.Горно Оризари, М.С.(61) од Скопје и С.Ј.(49) од Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“ - стои во соопштението ов СВР Гевгелија. 



Владината коалиција на денешната средба одговори на предизвикот упатен синоќа од лидерот на опозицијата Мицковски, на митингот пред Влада и сите коалициони партнери заедно порачаа: „Нема предвремени парламентарни избори. Тие се неконструктивни за народот: Избори ќе се одржат во редовен термин во 2024 година“.

Во заедничката изјава дадена за медиумите премиерот Димитар Ковачески денеска пред медиумите истакна:

- „Денес, усвоивме и потпишавме Декларација за обезбедување стабилност за граѓаните, домашната економија и бизнис секторот во услови на глобална криза.
Едногласно одлучивме дека следните парламентарни избори ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година.
Уцените за предвремени избори и обидите за блокада на законодавната власт ги оценуваме како неразумни и во најлош можен тајминг и целосно против интересите на македонските граѓани и држава.
Продолжуваме понатаму, цврсто, силно и одлучно!“ истакна на заедничкиот прес со коалиционите партнери премиерот Ковачевски.

Синоќа во Гевгелија во органозција на СДСМ Гевгелија се одржа работна трибина на тема земјоделие на која свои излагања имаа Трајан Димковски-советникот за рурален развој во МЗШВ, Гоце Ѓеоргиевски раководител на сектор за рурален развој при МЗШВ, пратениците од ИЕ4 Марија Костадинова и Панчо Минов, воедно и членови на собраниската комисија за земјоделие.

На трибината говорниците потенцираа дека Владата предводена од СДСМ во време на светска економска и енергетска криза, во време на ограничени производи на светските пазари, презема мерки за унапредување на земјоделството и зголемување на домашното земјоделско производство.
Тука се пред се' мерките за субвенционирање на земјоделството и сточарството, особено мерката „Млад земјоделец“ каде исплатата е покачена 100% и грантовите за млади земјоделци изнесуваат 20.000 евра, потоа мерката „рурална жена“ каде се стимулираат жените како претприемачки и производители на храна во руралните средини и овде грант дотациите од МЗШВ изнесуваат по 6.000 евра.
Се потенцираше и посебната програма „Борба за храна“ каде се стимулираат одгледувачите на пченица, пченка, сончоглед и јачмен.

Пратеникот Паче Минов ја нагласи мерката за стимулација на 60 мали винарии во Македонија со грант од по 10.000 евра за секоја поединечно, меѓу кои има и две од Гевгелија.

Гоце Ѓоргиевски ги нагласи заложбите на владата на СДСМ во сферата земјоделие, особено од превземањето на власта во 2017 година и состојбата со закочените проекти и закочените закони во секторот земјоделие наследени од претходната власт и актуелниот ребаланс на буџетот кој треба да донесе директна исплата кон производителите од 2,7 милијарди денари со што ќе бидат исплатени сите задоцнети и сите пристигнати субвенции за оваа година. Ѓоргиевски ја истакна искористеноста на ИПАРД фондовите за Македонија во висина од 99%, додека во времето на ВМРО-ДПМНЕ таа изнесуваше од 4 до 20% што е енормна разлика и денес Македонија е лидер во остварувањето на програмата за ИПАРД фондовите.

- „Додека нивната девиза беше „лажи и кради“ нашата девиза е да работиме и имаме задоволни граѓани“ истакна Ѓоргиевски за разликите во начинот на работа меѓу ДПМНЕ и СДСМ во сферата земјоделие и фондовската искористеност од ЕУ програмите.

Трајан Димковски- советник за рурален развој ги обасни пред присутните постојните и новите мерки за субвенционирање на земјоделците, сточарите, произвидителите на храна, а со програмата за „рурален развој“ овде се опфатени дури и малите туристички комплекси во руралните средини,, малите угостителски објекти, призводители на мед и локална храна од поднебјето на Македонија.
Тој нагласи дека со мерката „Директни платежни интервенции“ за следната 2023 година, во Буџетот се планирани 6(шест) милијарди денари со што нема да има никаков застој во исплатата на сите категории субвенции од секторот земјоделие и сточарство.

Димковски одговараше и на прашања од присутните за изграбата на Конска Брана кај Гевгелија, за придобивките на земјоделците од „Отворен Балкан“.
Присутните на трибината ги интересираше исплатата на субвенциите за сточарите, исплатата на субвенции за предадени култури на производни капацитети, за одобрување мерка за набавка на комбајн за Гевгелија.

Пратеникот Минов и советникот Димковски потврдија дека во новиот закон за земјоделие е предвидено решение исплатата на предадени производи во преработуваччки капацитети да биде максимално за 180 дена, но опозицијата го блокирала неговото донесување. Производителите присутни на трибината негодуваа дека на тој начин нивниот производ се обезвреднува, а планираната добивка им ја јаде инфлацијата.

На трибината свое излагање имаше и Миле Атанасов, претседател на СДСМ Гевгелија кој ги потенцираше придобивките од мерките за субвенционирање на земјоделието и помеѓу производителите од гевгелиско.

 

Од општинската организација на СДСМ Гевгелија реагираат за неактивноста на полето на екологијата и заштитата на животните ресурси кога е во прашање чистата вода за пиење, од страна на раководните лица кои се партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ. . Станува збор за неинтервенцијата на ЈПКД „Комуналец“ на просторот во атарот на Мрзенци каде има излиено вода по линија на канализационата мрежа, а истата е во близина на бунарите за вода од кои се снабдува Гевгелија и уште неколку населени места.
Во реакцијата на СДСМ се вели:

- „Новите бунари за водоснабдување на Гевгелија и неколку населени места лоцирани во атарот на Мрзенци загрозени од понирачки води на канализациониот систем кај Мрзенци. Веќе 3-4 недели овој терен е под нечиста вода и претставува еколошка закана за бунарите за вода од кои се снабдува Гевгелија.
Водоснабдителниот и канализациониот систем се оддалечени 250-300 метри помеѓу себе, а се под надлежност на ЈПКД "Комуналец" Гевгелија.
Раководниот кадар на Комуналец е партиското решение на градоначалникот Сарамандов и двајцата од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ Гевгелија повикува на интервенција од страна на лажните одговорни душегрижници од ДПМНЕ пред да настапи поголема еколошка катастрофа со водените ресурси и здравјето на граѓаните“ - велат од СДСМ Гевгелија.

Премиерот на Бугарија – Кирил Петков денеска до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на Република Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската унија. Ова го сподели самиот Петков пред своите најблиски соработници, јавија бугарските медиуми.

Петков се пофалил дека е „детално запознаен со шемата како ќе се случи сето ова“: „В четврток официјално ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ, а јас лично утре ќе го испратам во парламентот“.

„Лично зад мене стојат Емануел Макрон и Олаф Шолц. Ќе го прифатиме, а потоа паѓаме и продолжуваме понатаму“.

Вчера, на самиот почеток на состанокот на Министерскиот совет, Петков го прочита неговото барање, кое беше веднаш прифатено, „предлогот на француското претседателство веднаш да биде испратен до собраниската Комисија за надворешна политика“.

Но, од БГНЕС тврдат и дека премиерот е подготвен самиот, без поддршка на Парламентот и претставниците на владината коалиција, да го симне ветото за Македонија и тоа на наредниот Министерски совет на ЕУ закажан за 23 јуни во Париз.

 

 

Од утре шалтерите за издавање извод од матична книга на родени, посмртници, венчален лист, ќе бидат достапни за граѓаните

По седум недели, штрајкот во Управата за водење на матични книги е ставен во мирување до 20 јули откако денеска е потпишан Колективен договор со Министерството за правда со кој се унапредува положбата на вработените. Од утре сите одделенија на Управата ќе работат и ќе бидат отворени за граѓаните.

Со потпишаниот колективен договор се решаваат прашањата за К-15, надомест за работа во сабота, јубилејни награди и систематизацијата работните места.

Дали потпишаниот Колективен договор ќе ги подобри услугите кои им се даваат на граѓаните и ажурноста останува да се види. Од Управата сметаат дека вината за пропустите и погрешните изводи е кај граѓаните и другите институции.

Од Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) соопштија дека очекуваат веќе од наредниот месец Владата да го усвои линеарното зголемување на платите за 2.806 денари со што ќе се исполни и дел од бараното покачување на платата за вработените во Управата.

 

Денес Владата донесе одлука за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените. Во услови на можни нови покачувања на цените на производите интервенираме и го штитиме стандардот на граѓаните, велат од Владата.

Заклучно со 30 септември 2022 година се ограничуваат:
- За леб бел сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење, се утврдува трговска маржа во висина до 5% во трговијата на големо и до 5% во трговијата на мало;
- За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува трговска маржа во висина до 10% во трговијата на големо и до 10% во трговијата на мало.

Продолжуваат интензивно и контролите за трговците. Според наодите на инспекторите одредени трговци направиле драстично зголемување на маржите и истите соодветно се санкционираат, велат од Владата.

Според одлуката растот на цените на овие производи веќе нема да зависи од трговската маржа туку од берзанските цени, како и растот на производствените трошоци.

Оваа мерка за зажтита на животниот стандард на граѓаните е предложена од Министерството за економија и со неа е предвидено рабатот и надоместоците за трговците да не се одобруваат до 31 декември годинава.



Со донесената Одлука на Советот на општина Гевгелија за субвенционирање на граѓаните од општина Гевгелија за купување велосипед, (донесена 31.05.2022 г.) вчера од Општината обавија Јавен повик во кој се наведени условите за аплицирање за користењњто на овие наменски субвенции.

Аплицирањето започнува од 20 јуни 2022 година во 08:00 часот и ќе трае се до исцрпувањето на предвидените средства во висина од 500.000 денари од Општинскиот буџет, резервирани за таа намена или на 100 апликанти.

ВАЖНО: Потребната документација треба да се достави во затворен коверт со назнака: „За Јавниот повик за субвенционирање за купување велосипеди во општина Гевгелија за 2022 година), во просториите каде е сместена Фондацијата за локален економски развој и развој на информатички технологии- Гевгелија (Стар Пионерски дом, ул. „Маршал Тито“ бр. 60, Гевгелија)

На Јавниот повик можат да аплицираат граѓаните од општина Гевгелија кои:
- се полнолетни,
- имаат платен данок на имот за станбениот објект во кој живее
- во домаќинството немаат друг член кој веќе аплицирал за ваков вид субвенција.
- не се членови на Советот на Општина Гевгелија
- не се вработени во Општинската администрација.

За аплицирање, потребни се следниве документи:
- копија од важечка лична карта или важечка патна исправа,
- копија од трансакциска сметка,
- пополнета изјава за давање согласност за користење на лични податоци (треба да се обезбеди на пултот на влезот во зградата на Општина Гевгелија),
- потврда издадена од Одделението за локални даноци и такси во Гевгелија (со наплатена административна такса од 100 денари) за платен данок на имот на станбениот објект во кој живее апликантот според важечката лична карта (заклучно со 2021 година)
- и доказ приложена фискална сметка дека велосипедот е купен од трговци кои дејноста ја извршуваат на подрачјето на општина Гевгелија (сметајќи од 1 јуни, 2022 година како прв ден за набавка на велосипедот).

Висината на субвенцијата изнесува 5.000 денари на граѓанин, а доделувањето ќе се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“. Постапката за спроведување на Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на општина Гевгелија за купување велосипеди во 2022 година ќе биде спроведена од страна на посебна Комисија, формирана од редот на вработените во општинската администрација.

Мерката за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипед беше амандман на советничката група на СДСМ за Буџетот за 2022 година и истиот беше усвоен и вграден во Буџетот за годинава, кој еве неделава почна да се спроведува со Јавен повик. Граѓаните имаат недела дена да ги подготват потребните документи, а од понеделник 20 јуни да аплицираат.

 

Уште една успешна акција на Граничната Полиција од ПС Гевгелија - во недела ечерта лишени се од слобода двајца превозници на мигранти.

Полициските службеници согласно своите овластување запреле возило „БМВ“ кое возело на автопатот „Пријателство“ во правец Гграничен премин „Богородица“ - Гевгелија.

При преглед во возилото „BMV“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Б.А., а совозач бил И.А., биле пронајдени 10 лица – мигранти од Сирија.
Бидејќи се работи за нелегален транспорт на странски државјани-мигранти, полициските службеници ги лишиле од слобода Б.А.(35) и И.А.(63), двајцата од Тетово.

Настанот се случил соноќа, на 12.06.2022 (недела) во 22.30 часот на автопатот граничен премин „Богородица“ – Гевгелија,

Мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка.

Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против Б.А. и И.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Изгледа дека нелегалниот транспорт на мигранти „заразил“ и други прекршители, па до сега освен лица од гевгеиско, Богородица, Стојаково, Богданци, фатени на дело се и учесници од Скопје, од Р. Србија, а деновиве и од Тетово.
Според Кривичниот законик на РСМ ова дело „превоз на мигранти“ е седржано во член 418/б и пропишува казна затвор за сторителот до 5 години. Ако при превозот се загрозени правата на мигрантите, или се превезува маолетно лице, казната затвор за сторителот - превозник на мигранти (пропишано во гава „Криумчарење мигранти“) е најмалку 8 години затвор според КЗ.

 

Страница 6 од 229

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.