Иако само еден ден во годината е именуван како Светски ден на детето, радоста на децата не може да се ограничи со еден ден, па затоа ние уште еднаш споделуваме убави регистрирани моменти од нивните настапи во детските градинки, со научените танцови точки, рецитации и сето тоа што го понесуваат како знаење од градинка во новата етапа од животот - училиштето.
Во прилог се настапите на дечињата од групата „Пеперутка“ при ЈУДГ „Детска радост“ Гевгелија, воспитувач Маја Џишева кои подготвиле модерни танцови точки. Приредбата е реализирана по повод Меѓународниот ден на детето.
Фото галеријата во прилог е од настапите на дечињата од завршните групи во детските градинки „Цветови“ и „Детска радост“ .во Гевгелија.
Со цел модернизирање и реконструкција на електро-енергетскиот систем, ЕВН „Македонија“ Скопје најавува теренски работи на подрачјето на општина Гевгелија поради што електроснабдувањето ќе биде во прекин.
Реконструктивните работи на екипите на ЕВН се најавени за недела 5.06.2022 година во период од 04:00 до 12:00 часот. Тоа значи дека потрошувачите ќе бидат без електрина енергија во текот на осум часа од неделниот ден, па се' до пладне.
Без струја ќе бидат: сите корисници од град Гевгелија, Моин, Ново Конско, вклучително и околните индустриски корисници, како и поголемиот дел од корисниците во Мрзенци.
Освен работите за време на викендов, ЕВН најавува работни активности и за следната недела. Од понеделникт планирани се работи на подобрување на електро-енергетската мрежа и на подрачјето на оптина Дојран.
Понеделник,, 6 јуни во периодот од 8:30 до 13:00 часот прекин во електро снабдувањето ќе имат селата Дурутли, Куртамзали и Башибос, кои територијално припаѓаат на општина Дојран. Овде прекинот ќе трае 4,5 часа се' со цел подобрување на електро-еергетската мрежа и испорачување непречени услуги во електроснабдувањето кон граѓаните и стопанските субјекти.
Заедно со Гевгелија, Дојран и населените места, ЕВН викендов ќе работи на модернизација на елекричнаа мрежа на подрачјето на 10 општини во државата и ќе направи вкупен прекин во испораката на електрична енергија во траење од 53 часа.
Се известуваат граѓаните да ги прилагодат своите потреби согласно најавениот прекин во електроснабдувањето, а на стопанските субјекти да го планираат производствениот процес согласно најавениот прекин на елекрична енергија за да не предизвикат загуби во материјал и финансиски трошоци.
Инвестициониот и градежен застој во општина Гевгелија е реакцијата која пред јавноста ја сподели Либерално демократската партија (ЛДП) од Гевгелија. Во последната објава на социјалните мрежи тие обвинуваат за неколкумесечниот застој во изградбата на Западниот булевар во Гевгелија, каде нарачател и инвеститор е општина Гевгелија.
- „Сликиве се од изградбата на Западниот Булевар,најголемата капитална инвестија во последната деценија на Општина Гевгелија.
Како што може да се види од сликите од работа на терен или механизација ни трага ни глас веќе подолго време.Единствено е останат гасеничар,,последниот Мохиканец на Западниот Булевар,,жив доказ дека некогаш тука се работело.
Причината е топлото време што не изненади во јуни, можноста за дожд наредниот вторник,должничко доверителски односи или недостаток на желба за работа? Почитуван Градоначалник? - велат во својата реакција од ЛДП Гевгелија, барајќи јавен одговор од Градоначалникот на Општината.
Инаку Западниот булевар е проект присутен во програмата на општина Гевгелија околу18 години наназад, а последната делница започна да се изведува од септември 2021 година. Во моментот градежната механизација е отсутна.
Ноќта средата спрема четвртокот, на ден Спасовден 02.06.2022 во ОВР Гевгелија било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа во с.Стојаково, богданско.
Учесник во сообраќајната несреќа е Г.А.(58) од с.Стојаково, кој управувајќи патничко возило „Цитроен“, со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
За настанот ОВР Гевгелија е известена во 00:20 часот, на почетокот од ден четврток.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа Болница - Гевгелија,
Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.
Фото: Архива на МВР
На ден Спасовден, заштитникот на Гевгелија кој нудел надеж и спасение за гевгеличани, советничката група на СДСМ го посети Дневниот центар за лица со посебни потреби и донираше нова електрична машина за шиење, со цел проширување на работните вештини на штитениците од Центарот.
Донацијата ја предаде советничката Билјана Демерџиева, а од името на вработените и корисниците благодарност искажа Мери Кузманова, дефектолог од Дневниот Центар во Гевгелија.
Во центарот каде дневно престојуваат 18 штитеници на возраст од 13 до 48 години, секој ден е посебна мотивација за активирање на овие лица со слаба и средна попреченост во развојот. Секоја нивна активација е придонес повеќе кон нивниот развој, а со можноста да творат и произведуваат предмети кои можат да бидат и производи изнесени на пазарот, се верификува нивниот труд. Така тие можат да се чусвтвуват дека придонесуваат кон заедницата и се корисни со својот труд.
До сега нивни преокупации беа сликањето, изработните од глина, витражи и слично. Пед некој месец со нивна креативна изложба на имагинарни сликарски дела продадоа неколку творби со што успееја да набават справа за вежбање која ја користат во занималната. Со новата машина за шиење штитениците од центарот изразија желба да научат да шијат торби за пазар, украсни торби, блузи со лого од Дневниот центар, престилки за кујната во кои сами спремаат појадок и ручек кои ги добиваат во Ценарот.
Во Центарот работно се ангажирани три лица во редовен работен однос и две лица со договор на определено време од еден месец иако се работи за социјален работник и негувател. Тоа се вработени на кои најмногу им се радува младиот Ангел кој денот го поминува во постела заради својата состојба. При денешната посета изрази радост и задоволство од овие две лица кои го запознаа со донацијата.
Лицата корисници на Дневниот центар имаат потреба и од други донаторски акции: им треба количка за транспорт на неподвижното момче кога одат групно на прошетка, имаат потреба од свое возило за дневни прошетки на подалечни релации во околината. Секоја подадена рака, секоја насмевка, секоја посета за овие лица многу значи.
Денес Дневниот центар остана без хигиеничар. Досегашната вработена со договор на дело од Општина Гевгелија ги предала клучевите од простриите на Центарот во Општината. Сега вработените траба покрај сите работни обврски да бидат и хигиеничари на просторот. Уште многу треба за овие лица, а советничката група која денеска се запозна со условите во Центарот ќе вложи напори за подобрување на состојбата во оваа институција за згрижување на овие наши сограѓани.
Со тридневна културно-уметничка програма од денеска започнуваат чествувањата за Спасовден - заштитникот на Гевгелија.
Празничната атмосфера во Гевгелија започува со распеаните улици низ градот кој празнува со позната манифестација „Распеана чаршија“ на која предводник е 5 деценискиот традиционален состав на староградски песни „Распеани гевгеличани“. На празнувањето со песна и распеани грла ќе се придружат и „Распеани валандовчани“, Пеачка група на ЗП Кавадарци „Никола Бадев“, ВИА „Распеани струмичани“ како и пејачката група на Здружението на пензионери „Сава Михајлов Гевгелија“.
Почетокот на музичкото дефиле е закажано во 20:00 часот, а местото на збиднувањата со песна и музика е пред платото на Народниот театар во Гевгелија.
Активностите од тридневната празнична програма продолжуваат со отворањето на Изложба на фотографии и презентација на видео-материјали „Манастирите и црвките во Гевгелиско (Стара Гевгелија), со почеток во 21:00 часот. Изложбата е во организација на Дом на култура „Македонија“, во соработка со ансамбл „Македонија“.
Четврток, 2 јуни културните збиднувања продолжуваат со гостувањето на Националната опера и балет со балетската претстава „Ла, ла, ла“ што е на програмата во 20:00 часот на сцената на Народниот театар Гевгелија.
Во петок 3 јуни од 19:00 часот ќе се претстават со свои уметнички дела членовите на Друштвото на ликовни уметници од Гевгелија, во фоајето на Народниот театар во Гевгелија. На иста локација, но во малата сала на Театарот ќе се одржи концерт на класична музика со настап на Маја Чанаќевиќ, (англиски рог) и Ана Гацева (пијано).
Празникот е посветен на сите кои го чествуват, а поканата е јавна за сите кои го милуваат Спасовден и градот кој празнува.
За многу години Спасовден!
Субвенции за набавка на велосипеди како незагадувачко превозно средство за граѓаните на општина Гевгелија денеска треба да одобри Советот на општина Гевгелија.
Средства во износ од 500.000 денари со оваа намена се веќе вградени во Буџетот на општина Гевгелија за 2022 година благодарение на амандманот поднесен од комплетната советничка група на СДСМ во општинскиот Совет уште при неговото разгледување во декември 2021 година.
Денеска советниците расправаат за одлука за објавување на јавен повик за поднесување на апликација од граѓаните за одобрување на субвенции за набавка на велосипед за нивна употреба.
Во условите за аплицирање стои дека за овие наменски средства може да аплицираат само граѓани на општина Гевгелија. Ќе се одобруваат средствата во износ од 5.000 денари бруто по апликант, односно 4.500 денари нето со одбивањето на персоналниот даник кој треба да се исплати при трансферот на средствата кон граѓаните.
Средствата се доволни за задоволување на барањата на 100 граѓани на Гевгелија кои на ваков начин ќе го олабават семејниот буџет при одлуката за набавка на велосипед за потребите на семејството за превоз, што исто така осетно ќе влијае и кон намалување на сообраќајната фреквенција на моторни возила низ градските улици.
Јавниот конкурс за одобрување на субвенции ќе трае од почетокот на објавувањето до потрошувањето на сите планирани средства во ставката „Заштита на животната средина“ во Буџетот на општина Гевгелија за 2022 година, кои изнесуваат 500.000 денари. Распределбата ќе биде по принципот „Прв дојден, прв услужен“.
Гевгелија зелена и незагадена со еколошките предлози на советниците од СДСМ !
Се очекува целиот состав на Советот на општина Гевгелија на денешната 10 седница која е во тек, да ја поддржи и изгласа оваа одлука за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди и нејзина имплементација и конкретна валоризација кон граѓаните.
Доброволец, пожарникар, учесник во гаснењето на пожарите во Источна Македонија кои беснееја минатата година, младиот Жан Кофол, прерано починат, доби улица именувана по него во Берово, општината каде гаснеше пожар со својата екипа и со пожарникарските сили на Македонија.
Со многу емоции и тага во Берово е пуштена во употреба новоизградената улица ,,Жан Кофол”. Улицата е именувана по прерано загинатиот пожарникар од Словенија, кој загина веднаш по враќањето во родното место, по доброволниот придонес во Берово и Малешевијата во гаснење на пожарите кои избувнаа во август 2021 година.
Жан Кофол беше еден од најмладите доброболци во гаснењето на пожарите во Источна Македонија. На самата свеченост на пуштање во употреба на улицата, присуствуваа родителите и роднини на Кофол.
Младиот пожарникар бил истакнат во својата ПП единица и претседател на комисијата за контакт со младите кои ја посетуваат ПП Единица во Нова Горица каде тој работел.
Градоначалникот на Берово на чинот на отварањето на улицата ,,Жан Кофол” рече дека таа во иднина ќе биде улица на пријателство, на спомен на придонесот за Берово на младиот Жан и ќе биде мост на пријателство со неговиот град Нова Горица, од Словенија.
Невремето проследено со силен ветер, пороен дожд, грмотевици, а на места и врнежи од град , како што најавија од УХМР продолжува во државата и денеска.
На удар на градоносни облаци синоќа беше подрачјето на општина Лозово, а денеска пороен дожд со силен ветер во моментот го зафати подрачјето на Тетово и тетовско. Повеќе улици во Тетово се под вода.
Од силниот и голем град во Лозово пробиени се и некои од азбестните покриви на куќите, оштетени се и голем број автомобили, искршени стакла, како и возниот парк на Општина Лозово, информираат од Општина Лозово.
- „Штетата е огромна посебно на овошките, лозовите насади и пластениците, кои буквално се столчени од силното невреме со големите зрна град поголеми од орев“ појасни градоначалникот на Лозово, Цветковски.
Тој за утре во 8.30 најави итна седница на Советот на Општина Лозово, на која треба да се формира Комисија која ќе работи на терен за утврдување на штетите. Ова е второ невреме во Општина Лозово за неколку дена.
Видеото подолу е од моменталната состојба во Тетово.
Царинската Управа на Македонија направи осврт на тоа „Што и во колкави колични смее да се внесе и изнесе преку македонска граница?“
Тања Илиоска, управник на Царинарница Гевгелија, пред медиумите информираше за правата и обврските на патниците кои поминуваат преку граничните премини, за тоа што и колку можат да внесат, или изнесат во текот на патувањето.
Во пресрет на периодот на летни одмори и зголемена фреквенција на патници, a со цел обезбедување на брзо движење на граѓаните преку граничните премини, управничката од Царинарница Гевгелија, при Царинска управа информира:
- Стоката која се наоѓа во личниот багажник на патникот и e за личните потреби се ослободува од плаќање на увозни давачки во вредност до 350 евра во денарска противредност.
- Дозволено внесување и изнесување на преработки од тутун: 200 цигари, или 100 цигарилоси
- Дозволено внесување и изнесување на алкохол и алкохолни пијалоци: дестилирани и жестоки алкохолни пијалоци 2 литри и вино 2 литри
- Дозволено внесување на парфеми 50 грама и тоалетна вода 0,25 литри.
- Патниците слободно (без пријавување) можат да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра. Над 10.000 евра, патниците се должни да ги пријават. Правилата се исти за резиденти и за нерезиденти патници.
- Резидентите (лица со регулиран престој) можат слободно да изнесуваат странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 2.000 евра. Од 2.000 до 10.000 евра, само доколку кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови. При тоа треба да приложат потврда од овластена банка или менувачница за купување на странски ефективни пари или врз основа на потврда од банка за подигање на девизи (странски ефективни пари) од сопствена девизна сметка. Резидентите не смеат да изнесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност над 10.000 евра.
Повеќе и подетални информации од Тања Илијоска – управник на Царинарница Гевгелија, која гостуваше на утринската програма на ТВ Сител:
More...
Попладнево силно невреме беше забележано во Oхридско и во Пелагонискиот регион.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги повика граѓаните во земјава на внимателност од силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд викендов по најавата за нестабили хидрометеоролошки појави.
– „Согласно информацијата од УХМР, ЦУК превентивно апелира и препорачува граѓаните во земјава од попладнево викендов да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови. Конкретно, концентарацијата на врнежи на одреден простор е со голема веројатност можна во делови на земјава, проследено со силно локално невреме. Постои голема можност да биде голема и опасна поројната вода по околината таму каде што ќе зафати поројониот дожд што се предвидува да падне во делови од земјава“, предупредува ЦУК.
Управата за хидро-метеоролошки работи најави нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, кое се очекува да се стабилизира од понеделник.
– Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време со поголеми количества воден талог), електрични празнења, силен ветер од над 70 километри на час и појава на град. Утре преку денот температура ќе биде пониска за 3 до 5 степени, соопшти УХМР.
„Пратеничката Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ наплатила 11.718 евра за патни трошоци за година и осум месеци“ - обвинуваат од Левица Гевгелија.
Податокот го објавија на социјалните мрежи потенцирајќи дека гевгелиската пратеничка од опозициониот ДПМНЕ за 20 месеци, колку што изнесува периодот откако е на пратеничка функција таа „си наплатила 720 716 денари или 11.718 евра за патни трошоци.
- „Тоа го прави во ситуација кога железничкиот и патниот сообраќај во сите правци во Републиката и' е бесплатен како пратеник и кога има плата од околу 1 500 евра“ - велат од гевгелискиот огранок на партијата Левица.
Тие додаваат во своето објаснување дека:: „Во меѓувреме обичен работник сонува за 500 евра плата, а платени патни трошоци ни на сон не му идат“ споредувајќи ги очекувањата на работниците во државата.
Додека пратеничката ги троши јавните буџетски средства голем дел од граѓаните не ни знаат дека таа е пратеник, констатираат од Левица, посочувајќи ја непрепознатливоста на нејзиниот ангажман како претставник во Собранието на РСМ, па велат:
- „ Да биде трагедијата поголема има граѓани во Гевгелија, а не па во ИЕ 4, кои не знаат дека има пратеник од Гевгелија во Собранието кој се вика Ангелинка Петкова“ - оценуваат од Левица.
Средношколскиот училишен центар „Јосиф осифовски“ вчера одржа презентација на своите образовни понуди за полуматурантите од Гевгелија и околните општини.
Отворениот ден на средби со новите потенцијални средношколци го реализираа учениците од СОУ „Ј.Јосифовски“ заедно со своите професори.
Секоја од постојните струки (наставни смерови) во СОУ имаше свој посебен штанд, а учениците во разговор со полумаурантите нудејќи им пригодни флаери ги запознаваа со основите на наставниот смер и каква специфична наобразба ќе добие ученикот ако го одбере овој смер за упис во Средношколскиот училишен центар во Гевгелија. Наставните насоки се:
- Гимназиско образование
- Економија, право и трговија
- Угостителство и туризам (ХТТ, келнери и готвачи),
- Здравство и социјална заштита
- Машинска струка
Со огласот на МОН за упис на средношколци во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија во прва наставна година 2022/23 можат да се запишат вкупно 286 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми. И тоа 102 ученика во гимназиско образование и уште 34 во билингвистичка паралелка за гимназиско образование со настава на македонски и француски јазик. Потоа 50 ученика во угостителско-туристичката насока, 50 во машинска струка, 25 во економско-правна струка и 25 во здравствената струка на образование.
Погледнете ја галеријата од Отворениот ден во СОУ во Гевгелија и завидниот интерес на полуматурантите кои го посетија наменски „Отворениот ден“ за новите уписи на средноколците.
Седуммина поранешни функционери, но и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска се приведени во полициска станица откако Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје.
Двајца од нив се актуелни управители на сектори во ЕВН Електрани Македонија. Полицијата се сомнева дека управителите свесно и со намера, изготвиле анализа во која прикажале лажни податоци за земјишта во делчевско кои не ги исполнуваат законските услови за пренамена од земјоделско во градежно земјиште со цел ЕВН на истите да гради фотонапоснки централи.
„Со тоа тие го довеле во заблуда Управниот одбор на ЕВН Македонија да донесе Одлука за склучување на договори за купопродажба на недвижен имот за изградба на фотонапонски централи, врз основа на која одлука се склучени договори со останатите четворица пријавени. Така управителите овозможиле на сметките на дел од пријавените од ЕВН да се исплатат вкупно 99.431.060 денари за земјишта чија реална пазарна вредност изнесува 2.146.723 денари.“ - велат од Управа за финансиска полиција.
Третиот пријавен пак помагал сето ова да се реализира во пракса. Останатите четворица пак свесно и со намера во пресрет на локалните избори 2021 година склучиле деветнаесет договори за дар на недвижен имот, договори кои во суштина биле договори за купопродажба на недвижен имот, затоа што, како што соопштија од Финансиската полиција, на денот на склучување на договорите им биле исплатени пари во кеш. Со ова, велат од полицијата пријавените ги извршиле кривичните дела „Измама во службата“ „Соизвршителство“ и „Помагање“
Додека од ВМРО-ДПМНЕ се' уште нема реакција од СДСМ веднаш се јавија со соопштение за јавноста.
„Случајот „Криминални плацеви“ води директно до Христијан Мицкоски и функционери на ВМРО-ДПМНЕ за кои јавноста беше информирана пред локалните избори, добива епилог. Денес пред законите сите се еднакви, секој кој сторил кривично дело мора да одговара.“ - велат од СДСМ.
Според истрагата, една недела пред стартот на кампањта за локалните избори 2021 година, ЕВН Електрани, фирма ќерка на ЕВН Македонија, купила најмалку седум парцели во околината на Делчево. Целта на ЕВН била на овие парцели да постави фотонапонски централи за производство на електрична енергија. Парцелите биле продадени на ЕВН Електрани по цена од околу 800 денари за метар квадратен, а сопствениците на земјиштето само три недели претходно го купиле по цена од 15 до 20 денари за метар квадратен. Седумтемина биле роднински и пријателски поврзани.
Според информациите на ТВ 24, осомничените утре треба да бидат изведени пред судија на претходна постапка, а обвинителството ќе треба да одлучи и дали за осомничените ќе побара мерка притвор.