Летото започна денеска. На северната хемисфера на Земјата летото започна денеска, односно утрово во 5 часот и 32 минути, а во исто време започна и зимата на јужната хемисфера.

На денот на почетокот на летото ноќта е најкратка, а денот е најдолг и ќе трае 16 часа и 28 минути.

Летото на северната хемисфера започнува во моментот кога насоката на северниот дел на Земјината оска е најблиску до Сонцето, а на тој ден висината на Сонцето на пладне е најголема во текот на годината.

Интересно е што следните две години (2022 и 2023) летото ќе започнува исто така на 21 јуни, а во 2024 година ова годишн време ќе настапи на 20 јуни.

Температурата денеска во Гевгелија ќе достигне до 35-от степен од Целзиусовата скала, со слабо струење на воздухот од 1,5 m/sek и УВ индекс од 8,4. Температурата ќе расте следните денови од неделата и ќе достигне 39 утре, 41 во среда до 42-от степен во четврток и петок, сабота до 41-от стпен. Неделата и следниот понеделник ќе спадне на 38-ца, а следниот вторник и среда пак не очекува дружење со сончевите зраци кои ќе донесат по 42 степени дневна температура.

Денес сонцето во Гевгелија изгреа во 04:57 часот, а ќе зајде во 20:05 часот. Денот ќе трае 908 минути.

Подгответе се за летниот прв топлотен бран над Гевгелија!



Пандемские ограничувања завршија. Денеска Гевгелиските гробишта беа преполни од посетители и роднини кои палеа свеќа за спокој на своите упокоени, делеа храна на посетителите на вечните почивалишта со зборовите „да им се најде таму“, во пределите каде сега престојуваат нивните души.
Претходните денови „Задушница“ во пандемски услови ги ограничуваа луѓето во контактите, особено во делењето храна меѓусебно. Денеска гевгеличани како да сакаа да ги надокнадат изминатите годинаипол ограничувања за искажување почести на гробните места на упокоените.

Традиционално, еден ден порано, во пресрет на утрешната саботна задушница, православните христијани и денеска петок, попладнето, ја одбележуваа задушница во знак на сеќавање на починатите.
На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели.

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите. Во црквите се служи парастос на кој свештеникот со вино прелива пченица, а после службата се оди на гробовите на блиските, каде се пали свеќа и се чита молтива. Кој не може да оди на гробишта, тој пали свеќа во црква.

21 век сме, а традициите уште се почитувааат, барем според денешната глетка на преполни улици кон градските гробишта, преполни тротоари со тезги свеќи, цвеќе, икебани .. и други форми на искажување сеќавање и почит на споменатите.
Утрешната литургија е во 8 часот, а свештениците ќе ги посетат гробовите со молитва за упокоените после 8:30 часот. И гевгеличани не ги заборават традициите и почитта кон своите блиски, а упокоени.

 

Со три возила, девет пожарникари од ТППЕ Гевгелија, Валандово и ДППД од Дојран по 3 часовна интервенција угаснат и ликвидиран пожарот кој вчера избувна кај Калдрмата и ги загрози околните сманбени и викенд објекти. Граѓаните благодарни на брзата и професионална интервенција и спасените имоти. По изминати 24 часа еве ја сумарната слика од драмата на терен:

Вчера попладне нешто пред 16 часот, избувна пожар во местото Калдрма во непосредна близина на станбените објекти и викенд куќите во оваа населба во Нов Дојран.

Сувата вегетација и ветерот кој беше присутен во текот на целиот ден ја отежнаа работата на Доброволното противпожарно друштво од Дојран кој излезе на терен, па после кратко време беше побарана помош од околните Општини.

На терен се јавија од ТППЕ Гевгелија со едно возило и тројца пожарникари, како и едно возило и двајца пожарникари од Валандовската територијална противпожарна единица. Заедно со четворица пожарникари од Дојран пожарот е ликвидиран во 18:15 часот.

За драматичноста на вчерашниот пожар зборуваат и сликите и снимките од терен и повиците на луѓето да се спасат куќите до кои непосредно дивееше огнот. Пожарот беше заканувачки за објектите во населбата Калдрма бидејќи веднаш до нив е присутна вегетација од ниско стеблеста шума која лесно гореше и го потхрануваше пожарот.

За несебичната, брза и ефикасна интервенција на професионалните пожарникари од Гевгелија и Валандово и доброволците од Дојран граѓаните искажаа благодарност.

- „Нашата единица интервенираше на барање на доброволното ППД од Дојран и наша екипа стигна на терен во 16:07 часот. За причините за пожарот и големината на опожарениот терен се уште немаме податоци. Очекуваме тоа да го имаме како податок со извештајот кој е во подготовка“ изјави за GevgelijaNet командирот на ТППЕ Гевгелија Игор Ризов.

Свесноста на граѓаните на Нов Дојран за реалноста на заканата од пожар ја изјавија со зборови на благодарност.

- „Сакам да им се заблагодарам на противпожарните екипи и сите кои учествуваа во гасненје на пожарот Ivan Ajcev Ango Angov Блаже Кортов. Нашата кукја е спасена блаходарение на вас! Вечно ваш должник! Голема благодарност од мене и мојата фамилија! - напиша Филип Иванов на социјалните мрежи.

- „Ви благодариме бескрајно на сите за Вашата помош“ - напиша Дејан Иванов.

Изрази на благодарнст упати и фамилија Каракашеви:

- „Голема благодарност до сите наши блиски роднини и пријатели како и градоначалникот на Дојран Анго Ангов, кои веднаш дојдоа и помогнаа да се сопре огнената стихија како и професионалноста на нашите пожарникари кои не дозволија ниеден објект да биде загрозен. Момци браво!!!“

Видео од пожарот од локален жител испратен до Канал „Вис“

Во чест и спомен на прерано починатиот Бранко Николиќ (25 годишен), жител на с.Николич, општина Дојран, неговите другари и сограѓани се нафатија да организираат турнир во мал фудбал.
Почетокот на турнирот е закажан за 26.06.2021 година, денот кога се навршуваат 40 денови од трагичната смрт на ова младо момче, имењак на своето село.

Нема помени - само спомени.

Наместо црковни церемонии неговите клубски другари од ФК „Џокер“ од с.Фурка, каде играше Бранко и ФК „Дојранско езеро“ Нов Дојран, на спортски начин газејки и трчајки по фудбалската топка сакат да си споменат за секоја игра на фудбалските терени поминати со Бранко.

Така, во негова чест ќе се организира мал турнир во мал фудбал. Веќе се пријавени осум екипи колку што дозволуват условите за организирање настани на отворено согласно пандемијата и важечките мерки. Организаторите најавуваат дека следната година, на годишнината од смртта на Бранко Николич турнирот ќе се официјализира со тоа што годинашниот Традицонален турнир во мал фудбал "Николичка Младина" ќе биде преименуван во Меморијален турнир во мал фудбал "Бранко Николич".

Златно дете, златно другарство, златни спомени споделуваат николчани и дојранчани со ова младо момче кое ги сплоти сите во жалоста и ги собра сите на терените да играат фудбал во чест и спомен за Бранко.

Бранко на 19 јули ќе славеше 26-ти роденден. Завршил Средно училиште во „Никола Карев“ Струмица, жител на Николиќ, населено место во општина Дојран. Беше вработен во „B-R Transport“ од 18 март 2015 до кобниот и трагичен ден 18 мај кога се случи несреќата. Беше ведар и друштвен лик, сакан од својата средина, сокласниците поранешни, соработниците сегашни, сограѓаните. Николиќ и Дојран тагуваа за Бранко со дводневна жалост (19 и 20 мај) прогласена со одлука на Советот на општина Дојран.

Сега ќе тагуваат во срцата, а со фудбалска игра ќе си споменуваат за убавите моменти поминати во живото со него.

Министерството за внатрешни работи ги известува државјаните на Република Северна Македонија дека согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи кој стапи на сила на 11.06.2021, а ќе отпочне со примена од 01.07.2021, важноста на пасошот, дипломатскиот пасош и службениот пасош, чиј рок на важење е истечен, односно истекува по 31 јули 2020 година, се продолжува до 31 декември 2021 година.

Ваквата измена на Законот за патни исправи е направена со цел да им се излезе во пресрет на потребите на голем број наши граѓаните кои поради пандемијата, рестриктивните мерки, карантините и другите отежнати услови, во нашава земја, но и надвор од неа, во дијаспората, беа спречени навремено да ги продолжат своите документи, се известува во денешното соопштение од МВР.



Општинските основни училиште во Гевгелија ги прогласија своите Првенци на генерацијата деветоодделенци-полуматуранти за учебната 2020/21.

Четири девојчиња и едно момче ја сочинуваат групата првенци од петте основни училишта во Гевгелија.

- Јована Ѓореска од ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија,
- Ивана Грујиќ од ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија,
- Живко Узунов од ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци,
- Зорица Геровска од ООУ „Климент Охридски“- Миравци,
- Радмила Зашева, ученичка во класата по флејта во ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија.

Првенците на генерација се прогласуваат со исполнувањето на соодветни критеруми во текот на основното образование, со одлука на Наставничките совети во секое училиште посебно, а тоа се континуиран одличен успех, учество на општински, регионални и државни натпревари, пласман-освоени награди на првенствата, како и редовност во ученичките активности на училиштето.

По понесувањето на титулата, за што од страна училиштата учениците добија симболични награди, тие открија во што е тајната на успехот за постигнување резултати и одличен успех во текот на основното образование.

Јована Ѓореска: - „Да се биде Првенец во генерацијата е чест и привилегија. Учењето за мене не беше тешко бидејќи претставуваше секојдневна активност која ме исполнуваше, ми отвoраше нови видици и предизвици“

Ивана Грујиќ: -„Ако се учи со труд и со желба да се научи, не претставува никаков проблем да се биде Првенец на генерацијата“.

Живко Узунов: - „Не беше многу тешко да се биде Првенец на генерацијата, затоа што секоја пречка во учењето за мене беше предизвик.“..

Зорица Геровска.: „Воопшто не е тешко да се биде Првенец на генерација затоа што нашите наставници секогаш ни помагаа кога нешто не ни беше јасно и ни даваа несебична поддршка“ е клучот на знаењето за оваа дзавршена деветоодделенка.

Радмила Зашева: - „Искрено, не очекував дека јас ќе ја понесам титулата Првенец на генерација, за што сум пријатно изненадена и многу благодарна. Трите главни карактеристики кои треба да ги поседува Првенецот на генерација, посебно кога станува збор за ученик во Музичко училиште, се безграничната љубов кон инструментот, постојано трудење и напорно вежбање“ искрен одговор за наградата од првенката.

Среќно и успешно во натамошните степени на образовното надградување на овие наши првенци и на сите останати ученици.

Фото: Општина Гевгелија
Изјавите се од општина Гевгелија

 

Целосно укинување на полицискиот час настапува на полноќ, денеска од 00:00 часот.
Владата и официјално одлучи да го укине полицискиот час на денешната одржана 79-та седница на која ги усвои препораките и заклучоците од Главниот Кризен Штаб за борба против короната во државата, донесени на вчерашниот 41-ви состанок на ГКШ.

Воедно, укината е и забраната за најмногу 100 гости на свадба, а дозволени се концерти и забави.

Попрецизно, дозволени се манифестации, концерти и забави во отворени клубови, со капацитет до 50 отсто од објектот, но не повеќе од 1.000 луѓе .

Одлуката следи по препораката на Комисијата за инфективни болести, која оцени дека епидемиолошката состојба во земјата се стабилизира со намалување на бројот на позитивни случаи на коронавирус и зголемување на бројот на вакцинирани.



Од денеска на полноќ по целата должина на Автопатот „Пријателство“ српските туристи ќе патуваат со бесплатно низ нашата земја. Почнувајќи од ноќеска по полноќ сите државјани на Србија кои со автомобил ќе поминат низ граничниот премин Табановце на пат кон Грција ќе добијат М-Смарт картички за плаќање на патарините. Картичките ќе ги добиваат бесплатно, а на нив треба да има кредит од 760 денари, доволно за сите патарини до границата со Грција.

- „Од ноќеска по полноќ, на 15.06.2021 година ќе почна делењето на М-Смарт картичките на српските туристи кои ќе поминат ГП „Табановце“ и ќе транзитираат по Коридорот 10. М- Смарт картичките на српските туристи ќе се делат од страна на Министерството за внатрешни работи“, информираат од Владата.

Првата тура од 65.000 картички веќе се доделени на МВР. Вкупно е предвидено изработување на 200.000 картички, кои ќе се изработуваат етапно. Право да ги користат картичките имаат сите жители на Србија кои поминуваат низ Македонија со автомобил по Коридорот 10 од Куманово до Гевегелија. Патарините кои се на тој коридор веќе се подготвени за користење на М-Смарт картичките.

Граѓаните на Србија ќе ги задржат тие картички и понатаму за секој влез во нашата земја ќе можат да ги надополнуваат со кредит од најмалку 300 денари преку системот e-Сard.

Владата ја донесе оваа одлука во знак на благодарност за донациите од вакцини на Србија за нашите граѓани, како и поради бесплатните вакцинирање во Србија. Оваа одлука на владата ќе важи до 15 август.



За меѓународен шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија до Шпанија и барање клиенти за продажба, на актерката Силвија Стојановска денеска со одлука на Основниот кривичен суд Скопје и' е изречена затворска казна од три ипол години затвор за учество во меѓународен шверц на кокаин. Нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ доби 7 години затвор. Казните се во прв степен и неправосилни, осудените имаат право на жалба.

По повеќе од една година поминати во притвор и куќен притвор, денеска, како што изјави за СДК портпаролот на Обвинителството за организиран криминал и корупција, судот ја ослободи Стојановска од притвор. Таа ќе се брани од слобода, но нејзиниот пасош и обврската да се јавува редовно во судот, остануваат и натаму на сила.

Првообвинетиот Будисавјевиќ до правосилноста на пресудата ќе остане во притвор.

Обвинението против актерката и нејзиниот партнер за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори беше поднесено на 12 јуни лани..

Според обвинението, Стојановска и Будисављевиќ организирале транспорт на 700 килограми коакин од Колумбија во Шпанија:

„Во текот на истрагата, Обвинителството утврди дека во периодот од јули 2019-та година до 18.12.2019, обвинетите, заедно со тројцата обвинети од Шпанија, од кои едниот е македонмски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, учевствувале во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698 758 грама. Обвинетите подготвувале и организирале неовластено купување, превезвуање и сместување на кокаионот од Колумбија до Мадрид и барале купувачи“, се наведуваше во обвинението.

 

Министерството за здравство информира дека ова утро на состанок на Комисијата за заразни болести е донесена одлука за олеснување на најмалку три анти-ковид мерки. Одлуката ќе биде доставена на разгледување и усвојување од Главниот кризен штаб во државата, со важност да стапат на сила од среда 16 јуни. Ова се предлог одлуките донесени од КЗЗ:

- Да се укине целосно полициски час. Епидемиолошката состојба е стабилна, вчера немаше ниту еден смртен случај во државата по изминати 10 месеци од есенско-зимскиот поврзан со пролетниот корона бран. Ваквиот корона пад на новозаболени и активни го дозоволува ова, велат од МЗ.

- Да се укине ограничувањето од максимум 100 гости на свадби и прослави.

- Да се дозволи организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од објектот и не повеќе од 1.000 лица.

 

Страница 1 од 196

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.