Ноемвриски ден во Гевгелија, (16.11.2022), а ниту трага од календарската дожлива и ладна есен.
Во месецот ноември пчелите вообичаено се повлекуваат во мирување и ја штедат енергијата, но кај нас на југот сонцето уште не’ гали со надворешна температура од 18°C и ги мами пчелите на испаша по се’ уште расцветаната Гевгелија.
Па таква е, цветна, топла и убава.