За 4 часа работа, советниците денеска го утврдија само Дневниот ред за денешната 19-та редовна седниица на Советот на Општина Гевгелија
Едноиполчасовната расправа за предлог точките на дневниот ред резултираа со три повлечени точки, една на предлог на СДСМ поради констатирана неправилност, две се повлечени на барање на предлагачот, градоначалникот на Општина Гевгелија. Сите се однесуваат на Програми за работа на Општината кои како нецелосни се повлекуваат.
Од 16-те предложени точки останаа само 13 за работа.
Советниците гласаа нерешено 9 „за“ и 9 „против“ за предлогот да се симнат од дневен ред точките за донесување одлука за висината на цената за coбирање, транспортирање и отстранување на комуналниот цврст отпад на територијата на општина Гевгелија, а еден советник беше „воздржан“.
Идентични мислења и резултатски гласања советниците дадоа и за точката за Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец“ за 2023 година. Воздржаниот глас за Комуналец ги остави точките на дневен ред.
Седницата е презакажана да продолжи утре во 11 часот.
Дали гевгеличани ќе плаќаат нова покачена цена за ѓубрарина со над 90% повисока вредност од услугата која сега ја плаќаат кон гевгелиски „Комуналец“ ќе одлучи совеста на советниците – по принцип: Дали им се поважни 20-те нови вработувања на „Комуналец“ кои треба да ги платат гевгеличани со новата покачена цена за ѓубрарина, или зборот кој го дадоа од партиските митинзи за време на локалните избори дека ќе бидат гласот на народот и ќе ги штитат интересите на гевгеличани.
Одговорот може да го добиеме уште утре на саботното продолжување на 19-та седница на Советот на општина Гевгелија.