Ретро фото сеќавање во спомен на СФРЈ и нејзиниот роденден кој траеше од 1943 година од заседанието на АВНОЈ во Јајце, БиХ, до 1992 кога се отцепија Социјалистичките републики, меѓу кои беше и Македонија. Секој од шесте факели на државниот грб симболизираше една социјалистичка република во состав на Југославија. Еден од нив беше посветен на нашата Македонија, тогаш Социјалистичка Република Македонија.
Го паметиме 29 Ноември – Денот на републиката поради многу нешта кои ги имавме и вредеа во животот на послевоените генерации.
Новинарот Зоран Милошевски напиша:
…заради убавините на Јадран, Дунав, Дубровник, Плитвице, Постојна, Будва и Бечиќи, Копаоник, Охрид, Блед и Бохињ, Ѓердап, Пореч…
…затоа што ги изнедри Бата Живојиновиќ, Индекси, Неда Арнериќ, Џаиќ, Милена Дравиќ, Балашевиќ, Тома Здравковиќ, Зоран Радмиловиќ, Славниќ и Кичановиќ, Атина Бојаџи, Зафир и Сенка, Бојан Крижај, Мате Парлов, Тереза, Младен Делиќ, Душко Радовиќ, Шабан Трстена, Боро и Рамиз, Аце Русевски, Влада и Бајка, Анте Марковиќ, Здравко Чолиќ, Тито…
…заради привилегијата да им се радуваме на Звезда и Партизан, ватерполистите и кошаркарите, Металопластика, Олимпијадата во Сараево, „Маратонците“ и „Среќна нова…“, Прле и Тихи, Дугме и Чорба, Парни Ваљак, Азра и Леб и сол…
…заради Црвениот пасош, Штафетата и Пионерската заклетва, Тетекс и Каменско, Емина, Работни акции, Фичо и Југо 45, К-15, Пајдушкото, Политикин забавник, Филтер Југославија, Не дај се Инес…
29 Ноември. Југославија. Држава во која животот беше побезгрижен, а соништата во боја. Држава со точно дефинирани критериуми за квалитет во секоја професија, меѓу другото и за тоа кој може да се занимава со политика. Држава во која многумина од денешните политиканти и политички циркузанти, не би смееле ниту крукчиња да вртат околу министерските и градоначалничките кабинети, републичкото Собрание, општинските Совети, државните институции…
СФРЈ☑️ ДРЖАВА☑️