Денес го чествуваме денот посветен на „Свети Климент Охридски“ – еден од најплодните ученици на светите браќа Кирил и Методиј, творец на далеку познатата Охридска книжевна школа и најзначајниот македонски средновековен писател и педагог заслужен за одбраната на словенскиот јазик во црковната богослужба и ширењето на писменоста меѓу нашиот народ.
Честитката за денешниот празник Ви ја испорачуваме со делото на нашиот познат и светски признат академски ликовен уметник Васко Ташковски – „Св. Климент Охридски“ создадено 1999 година.
Импозантна сликовитост на вградената македонска писменост со азбуката создадена од неговите учители, со македонската градска архитектура, со корените, стеблата, сраснатоста со карпите и почвата од ова парче земја, со вербата, Св. Климент Охридски продолжувајќи го делото на македонските просветители ја овозможува надградбата и растежот на македонската култура и севкупен развој на Македонија.
Честит и вековит да е денот!