Гевгеличанец на возраст од 27 години е приведен од гевгелиската полиција, а против него ОВР Гевгелија подготвува Кривична пријава.
Настанот за кој младиот гевгеличанец добил притвор е евидентиран на 07.12.2022 година (среда). Тој во 16:30 часот во Гевгелија бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија. Се работи за Р.Ј.(27) од Гевгелија. При полициска контрола кај него биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста и прашкаста кафеава материја и поголем износ на пари.
Малку подоцна со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Гевгелија, при што биле пронајдена импровизирана мини лабораторија со саксии со канабис, како и марихуана и семки од канабис.
Пронајдените предмети се предадени за вештачење.
По целосно документирање на случајот, заедно со кривичната пријава, Р.Ј. ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.