Празници се ближат, а со нив и возбудата за подготовките.
Некогаш особена возбуда беше да се купат пригодни украсни честитки со кои се испорачуваа Новогодишни желби до роднините, пријателите, саканите.
Инвентивните фото мајстори од Гевгелија ја воведоа понудата да се изготват лични честитки со свој портрет и зимски пејсаж од поднебјето на Гевгелија.
Во актуелново време замира културата на пишувани честитки испратени до адреса на пријателите, лицата кои ви значат, фирмите, па фото сесиите пред Нова Година станаа атракција само за малите дечиња и среќните родители. Но, вака некогаш предновогодишно испорачуваа честитки модерните гевгеличани.
Фото: од 1966 год. изработена од гевгелиски фото мајстор
„Млада гевгеличанка честита 1967 год.“