Денеска (13.12.2022) во 10:40 часот на улица „Таља Бикова“ во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода А.Ѓ.(36) од Гевгелија.
Тој се сомничи дека на 12.12.2022 со остар предмет го нападнал Н.Н.(68) од Гевгелија во неговиот дом.
Со судска наредба бил извршен претрес во домот на А.Ѓ. и биле пронајдени траги и предмети поврзани со кривичното дело.
Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.