Новогодишен концерт на Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија се одржа вечерва во преполнетата сала на Народниот театар.
Енергија, разиграност, сценска експресија, виртуозниот полет на македонскиот фолклор изнесено на сценскиот подиум од членовите на гевгелискиот фолклорен Амбасадор „Бојмија“ е сижето од комплетниот вечерашен настап.
Погледнете ја изведбата на орото „Поселје“ – се’ трешти од младост, сила, ситно моминско, стамено момчешко, ишарети од разиграните млади, како некогаш на сред село