Во пресрет на Новогодишните празници Гевгелија не отстапи од традицијата на украсување. Но, во интерес на енергетското штедење секоја трета канделабра е исклучена од мрежата за електронапојување и истите не светат сијалично, туку само со украсите.
Светлечки украсни елементи има поставено само во строгиот центар на градот, долж шеталиштето „Маршал Тито“ и дел од улицата од Народниот театар до зградата на општина Гевгелија.
Булеварот Гевгелија, улицата „Слободан Митров Данко, влеззната улица „7-ми Ноември“ која води до центарот на Гевгелија се без вообичаените до сега низа од украси од едниот до другиот крај на улицата.
Гевгелија штеди и скромно ја очекува Новогодишната ноќ.