Претпразнично украсување – епизода 2.
„Никна“ уште една светлечки украсена новогодишна елка во Гевгелија. Локацијата и’ е на кружниот ток кај раскрсницата помеѓу Булевар „Гевгелија“ и улицата „7-ми Ноември“ која води до центарот на градот.
Вака градот под Кожуф ќе ги дочекува гостите, празничните посетители од други места од државата, новогодишните туристи, се’ во духот на промоцијата на туристичките потенцијали на Гевгелија по системот „Home making“.
Ако ви фалат ѕвезди, погледнете кон небото, ги има бескрајно!

