Министерството за туд и социјална политика додели грант во износ од 7.131.336 денари наменет за реализација на предлог проектот за подобрување на социјалните услуги во двете општините Гевгелија и Богданци.
Имплементатор на проектот е Општинскиот Црвен Крст од Гевгелија кој треба да спроведе обука за 12 лични асистенти за помош на лица кои имаат физички, или здравствени пречки да водат грижа за себе и да ги обавуваат основните потреби во текот на денот.
Возрасниот опфат на корисниците на услугата ќе биде од 5 години, до 65 години. Секој од личните асистенти по обуката ќе се стекнат со сертификат за лични асистенти и ќе можат да ја изведуват поддршката на заинтересираните лица по 4 часови дневно, за две лица, вкупно 8 работни часови дневно.
Ангажманот ќе биде награден согласно проектниот финансиски план.
Во Гевгелија со овој проект помош од лични асистенти ќе можат да добијат 20 лица, а во Богданци со едукација на 2 асистенти, помош од лиценциран асистент ќе можат да добијат 4 лица, или вкупно 24 лица со целиот проект.
Општинската организација на Црвен крст- Гевгелија како давател на услугата ќе учествува со 129.600 денари во реализацијата на проектот, општина Гевгелија исто така ќе вложи свои буџетски средства во износ од 277.912 денари, или вкупната инвестиција за проектот само за Гевгелија изнесува 7.538.848 денари.
– „Со овој проект, поддржан од Светска банка и Министерството за труд и социјална политика, започнува ново поглавје кое на граѓаните ќе им овозможи користење на услугата за лична асистенција преку обучени, лиценцирани и координирани лица од страна Црвениот крст како давател на услугата, во домашни услови. Реализацијата на проектот преставува мотив за планирање и спроведување на повеќе слични проекти за доброто на сите граѓани на Гевгелија, Богданци и Дојран“ – изјавуваат од Црвен крст Гевгелија.
Договорот за одобрувањето на грант вреден 125.000 евра неделава го потпишаа Министерката за труд и социјала Јована Тренчевска, градоначалниците на општина Гевгелија и Богданци, Андон Сарамандов и Блаже Шапов и секретарот на ОО на Црвен Крст Гевгелија Лазар Мешков.