Владата на вчера одржаната 112 седница одобри 65 милиони денари за реконстуркција и надградба на колекторскиот систем но и за изградба на нова пречистителна станица во Дојран, објави градоначалникот Анго Ангов истакнувајќи дека:
– „РЕШАВАМЕ ДЕЦЕНИСКИ ПРОБЛЕМ!!! Со имплементација на овој проект, конечно ќе се стави крај на проблемот со прочистување на отпадните води, а со тоа и заштита на нашиот бисер – Дојранското Езеро“ – истакна Ангов.
.
Досега за ова намена од други партнерски меѓународни грантови општина Дојран обезбеди вкупно 135 милиони денари кои ќе почнат да се користат веќе од март идната година. За тогаш е предвидено да започне теренската изведба на реконструкцијата и надградбата на колекторскиот систем во Дојран, стар повеќе децении.
Тендерската постапка за избор на најповолен изведувач ќе биде распишана уште во јануари следната година со цел процеурите и подготовките да завршат до февруари, а во март да стартуваат изведбите на терен на реконструкција и надградба на колекторискиот систем, вели градоначалникот Ангов. Изградбата пак на овата пречистителна станица треба да отпочне во 2024.
За да се заокружи комплетно целата реализација на овие два капитални проекти потребни се дополнителни 180 милиони денари за кои што Општина Дојран ќе конкурира за проектна поддршка од домашни и странски фондови.
– „Упатувам огромна благодароност до Владата што и во услови на голема економска криза изнајде начин и обезбеди средства за решавање на овој горчлив проблем“ – истакна Ангов и додаде:
– „Мора да разбереме дека Дојранското Езеро ни’ е оставено како аманет од нашите претци, грижата за истото мора да биде континуирана за да им го предадеме на нашите поколенија онака како што доликува, токму така како што ни го предале нам – богато со риба, ендемични видови и фасцинантна флора и фауна“, потенцираше градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов