На наградниот конкурс за учениците од основните и средното училиште во општина Гевгелија распишан од Градската Библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија, по повод „Месец на книгата 2022“ од страна на жири-комисиите беа разгледани есеи на двете теми: „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ и „Светот го разбирам како поле за…“, потоа раскази на слободна тема и дизајни на корица од книга.
Од брпјните пристигнати трудови беше направена бодовна селекција и рангитање до наградените први три места, со што најуспешни беа учениците од ООУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија со освоени 4 награди, потоа СОУ „Јосиф Јосифовски“ со освоени 2 награди, ООУ „Крсте Мисирков“ со освоени една награда, и од ООУ „Климент Охридски“ Миравци со освоена една награда.
Еве ги наградените:
Комисијата за Литературен конкурс за расказ на слободна тема за учениците од основното образование ја донесе следнава одлука:
Прва награда – Јована Дупарова,од ООУ „Владо Кантарџиев“ ментор Зорица Митреска
Втора награда – Симона Бојкова, од ООУ „Владо Кантарџиев“, ментор Елизабета Инадеска-Ефремова
Трета награда – Ирина Алчинова, од ООУ „Владо Кантарџиев“, ментор Вили Караколева
Комисијата за Литературен конкурс за есеи за учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија одлучи:
Втора награда – Ирина Прошева, ментор на Жаклина Атанасова
Трета награда – Виолета Чугунцалиева, ментор на Тони Аврамов
За Ликовниот конкурс за дизајн на корица од книга од страна на Комисијата се донесени следните награди за:
Прва награда – Теодора Манчева, од ООУ „Владо Кантарџиев“ Гевгелија, ментор Адриана Манчева
Бтора награда – Лазар Јаневски, ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија, ментор Михаил Петров
Трета награда – Теодора Ристова, ООУ „Климент Охридски“ Миравци, ментор Михаил Петров .
Градската библиотека со честитките за авторите на најдобро оценетите литературни и ликовни творби и на нивните ментори им додели и Дипломи и Благодарници..