Дечињата од Детската градинка „Развигорче“ во Прдејци посветено работеа да испратат на време писма до Дедо Мраз.
До Новата Година има само уште девет денови. Дедо Мраз треба да ги натовари санките со подароци, а децата со искрени намери се обраќаат до него за својата посакувана новогодишна желба. Веќе и градинката ја украсија со новогодишна елка и украси.
Еве како се подготвуваа и по специјална пошта ги испратија своите писма до Дедо Мраз децата од ДГ „Развигорче“ од Прдејци.