Традиционално и годинава Форумот на жени од СДСМ Гевгелија организираше Хуманитарен Новогодишен Базар.
Истиот како и секоја годинабеше сочинет од домашни рачни изработени слатки, гурабии, баници и посни колачињ, а годинава имаше и украсни елементи за декорирање на Новогодишната атмосфера во домот.
Сите изработки беа креација од членки на Форумот на жени, а поширокиот круг на посетители на вечерашниот Базар кој се одржа во просториите на СДСМ можеа да ги купат, со тоа што средствата од продажбата на артиклите ќе бидат наменети за потребите на социјално загрозено семејство од Општината.
– „Дел од нашите рачни изработки ќе ги посветиме, односно отстапиме и на посетителите на Дневниот Центар на лица со посебни потреби во Гевгелија, со цел и таму да споделиме Новогодишна радост“, истакнаа организаторите на денешниот Хуманитарен Базар
Освен продажбата во рамките на Базарот беше достапна и можноста за самостојно донирање за Божиќна и новогодишна споделена среќа со некое семејство во ризик од Гевгелија.