Католичките верници, протестантите и дел од православните христијани кои се водат по грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Божиќ, додека преостанатиот дел од православниот свет кој празнува според јулијанскиот календар ќе го прослави Христовото раѓање по две недели.
Првиот ден на Божиќ – 25 декември, согласно Законот за празниците на РМ, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед.
Честит и благословен да е Божиќ во домот на сите кои што го слават!