недела, 4, јуни 2023
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Медиумска транспарентност од 1.100.000 денари за публика од 70 гледачи

декември 27, 2022
in ФОКУС
Медиумска транспарентност од 1.100.000 денари за публика од 70 гледачи
0
SHARES
552
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Советот на општина Гевгелија денеска ќе ја одржи својата 21-ва редовна седница на која ќе бидат разгледани Буџетот на општината за 2023 година, програмите кои се составен дел од буџетот како и финансиските планови на општинските училишта за следната година.

Меѓу предложените програми се издвојува и таа за медиумска транспарентност на Општината. За нејзино реализирање во текот на 2023 година се планирани средства во износ од 1.500.000 денари.
Највисока ставка во неа се Трошоци за снимање и емитување на седниците на Советот на општина Гевгелија во вредност од 1.100.000 денари.

Related posts

Предфестивалско ДЕФИЛЕ на  новите „калинки“

Предфестивалско ДЕФИЛЕ на новите „калинки“

јуни 4, 2023
ДФ „КАЛИНКА“ вечерва со свечен концерт пред гевгеличани

ДФ „КАЛИНКА“ вечерва со свечен концерт пред гевгеличани

јуни 2, 2023

За истата намена во 2022 година на реализаторот на таа услуга „НОВА К-12“ ДООЕЛ ГЕВГЕЛИЈА потрошени се 660.000 денари, со месечен паушал од 55.000 денари.

Следејќи ја актуелноста на медиумската транспарентност со која се фали општината дека е на високи 92% погледнавме во популарноста и гледаноста на седниците на Советот во текот на изминатите месеци.

Од реализираните 20 работни седници и една свечена седница по повод Општинскиот празник 7-ми Ноември вкупниот број на Ју-Тјуб гледачи на постираните снимки од седниците објавени на општинсата ВЕБ страница изнесува 1.468 посетители. Тоа значи дека во просек една седница имала 69,9 посетители, или заокружено вкупни по 70 лица ги „гледале“ секоја од снимката од седницата на Советот.

Ваквата поразителна НЕ популарност на снимките од седниците на Советот со ништо не можат да ја оправдат намерата на предлагачот на програмата за Медиумска транспарентност за 2023 година ставката  „Снимање на седници на советот“ од 660.000 денари да ја покачи на 1.100.000 денари.  Предлагач на сите програми е Градоначалникот на општина Гевгелија.

Од кои параметри предлагачот на точката за транспарентност констатирал дека истата треба да се зголеми за речиси 70%  повеќе? Троши ли повеќе струја снимателот во просторот кој е јавен објект (салата на Народниот театар, значи струјата ја плаќа јавната установа) троши ли повеќе гориво? Струјата и горивата се основните енергенси кои ја диктираат светската економска криза годинава, а тоа не се основни трошоци на снимателот во јавниот објект.

Кој си вади суми од ракав за приграбување од локалниот Буџет во година кога ја броиме секоја сијалица која непотребно свети и троши скапо платена струја?
Какви зголемени производни трошоци има реализаторот на услугата „Снимање на седници на Совет“ и кој ги измерил, за да се предложи така галантно толку зголемена ставка во локалната програма за транспарентност?

Да потсетиме, средствата од локалниот буџет им припаѓаат на сите граѓани, тоа се јавни средства и подлежат на јавна одговорност и критика за нивното несовесно трошење.
Оваа милионска сума за медиумска транспарентност пак според Законот за јавни набавки подлежи на Јавна тендерска постапка за избор на најповолен изведувач на услугата, а не на избор според наклонетост.

Статистиката вели дека – Во 2022 година едно гледање на снимка на седница, Општината ја чини во просек 450,- денари. Во 2023 според планираното едно гледање на снимка за општината ќе биде трошок од 750,- денари. Тоа е речиси колку дневницата на просечно платен работник.

Вреди ли толку оваа преплатена транспарентност за 70 гледачи во месецот?
Медиумскиот пазар во Гевгелија одамна не постои, па оваа транспарентност се претвори во капитализиран монополски „послужувач“ од страна на Општината.

Фото во прилог:

Принт скрин од You-Tube објавите на седниците на Советот каде се гледа дека имаат од 6 до 38 прегледи за време од 1 до 3 месеци од постирањето на снимките

Последно држаната 20-та седница на гевгелискиот Совет има само 8 прегледи, а 17-а свечена седница по повод 7-ми Ноември има поразителни 6 прегледи за скоро два месеци.

18-та одржана седноца има 20 прегледи од граѓаните за еден ипол месец, а 19-та седница има 38 прегледувања на снимката.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Историско сеќавање – 79 години од палењето на с.Конско од бугарскиот окупатор

Next Post

Заврши квалификацискиот турнир во шах за основци во Гевгелија

Next Post
Заврши квалификацискиот турнир во шах за основци во Гевгелија

Заврши квалификацискиот турнир во шах за основци во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Четири прекршоци за брзо возење во Гевгелија

Четири прекршоци за брзо возење во Гевгелија

3 месеци ago
Британскиот крал Чарлс Трети ќе биде крунисан во мај идната година

Британскиот крал Чарлс Трети ќе биде крунисан во мај идната година

8 месеци ago
Јуниорите на ФК „Кожуф“ на меѓународен турнир во Хрватска

Јуниорите на ФК „Кожуф“ на меѓународен турнир во Хрватска

1 ден ago
Гевгелија, градот на леандрите

Гевгелија, градот на леандрите

3 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Предфестивалско ДЕФИЛЕ на новите „калинки“
  • ВИДЕО: Невреме, поплави и одрони синоќа низ Македонија
  • Запленети 161 kg кокаин на Солунското пристаниште во соработка со МВР и грчката полиција

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Предфестивалско ДЕФИЛЕ на  новите „калинки“

Предфестивалско ДЕФИЛЕ на новите „калинки“

јуни 4, 2023
ВИДЕО: Невреме, поплави и одрони синоќа низ Македонија

ВИДЕО: Невреме, поплави и одрони синоќа низ Македонија

јуни 4, 2023

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist