Со вториот натпреварувачки ден во шах со учесници од ООУ „Крсте Мисирков“ Гевгелија заврши квалификацискиот турнир во шах за основницте во Гевгелија.
Организаторот, ШК „7-ми Ноември“ Гевгелија од вкупно 22 учесника ги објави учениците кои се пласираа во финалето. Тоа се:
1 .Јосиф Зоев
2. Илија Велков
3. Ристо Јованов
4. Надица Митрова
5. Филип Митров
6. Филип Цуклев
7. Апостол Митров
8. Лана Трајкова
Финалето е закажано за денеска 27.12.2022 (вторник) во 17 часот во просторијата на Шаховскиот клуб.
Организаторот ги поканува сите родители и вљубеници на шахот да дојдат и присуствуваат на интересни шаховски партии.
Денес исто така во ООУ „Крсте Мисирков“ се одигра турнир за најмалите ученици во кој со успешната игра за најдобри беа прогласени:
1. Костадин Гушев
2. Сара Видичек
3. Кристијан Димитров
Во реализацијата на овие два турнира учествуваа и наставниците по физичко образование од училиштето.
На сите учесници во денешното финале им посакуваме успешна партија и чисти мисли со комбинациите на шаховската табла.