Дали другарчињата препишуваат од Македон е само едно од забавните прашања на кои одговара овој мал генијалец во 120 секунди.
Македон има само 7 години и е носител на златен медал на Меѓународен натпревар по математика. За себе вели дека во иднина се гледа како претседател на Македонија.
Видеото го реализираше Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, во рамки на која Македон доби финансиска поддршка за развој на својот исклучителен талент.
Ова е новогодишното видео полно со позитивна енергија, подготвено во рамките на кампањата „Вложуваме во млади таленти“.