Во организација на Шаховскиот клуб „7-ми Ноември“ од Гевгелија вчера попладне се одржаа финалните шаховски партии од школското првенство „Гевгелија 2022″.
Се одиграа 7 кола швајцарски систем, па од одиграното со најмногу бодови и првак на турнирот стана Илија Велков, ученик на ООУ „Крсте Мисирков“ од Гевгелија. На тирнирот учествуваа по 20-на ученици од општинските основни училишта „Крсте Мисирков, „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија и „Ристо Шуклев“ од Негорци. Од сите нив во финалето се пласираа по осум најдобри.
По одиграните партии еве го финалниот пласман на првите пет од најдобрите ученици-шахисти во општината:
1. Илија Велков – ООУ „Крсте Мисирков“
2. Јосиф Зоев – ООУ „Крсте Мисирков“
3. Давид Атанасов – ООУ „Владо Кантарџиев“
4. Лана Трајкова – ООУ „Крсте Мисирков“
5. Надица Митрова – ООУ „Крсте Мисирков“
Честитки за најдобрите ученици-шахисти, честитки и за учесниците кои го прифатиле овој благороден спорт.