Вака изгледа украсено противпожарното возило на Доброволното противпожарно друштво во Дојран – со пакетчиња, поклони, сијалици, панделки и зелени елки.
Да свети и празнува без да мора да интервенира за време на празниците.
Реализацијата на овој празничен оптимизам е на граѓанскиот активист Никола Писарев кој на социјалните мрежи напиша:
„После лада, камион, до година авион. Утре пакетче за секое дете.
Данела на обука да дојде уф село да научи како се ќити“.
Фото: ПП возило на плажа Николиќ во Дојран