Со украсено противпожарно возило вечерва во Стар Дојран на локација под јаворите се одржа Новогодишен базар, но најголема атракција беше пристигнувањето на Дедо Мраз со светлечки украсеното ПП возило, сопственост на Доброволното противпожарно друштво од Дојран, кое донесе пакетчиња за сите дечиња.
А ги имаше многу: дечиња од Детската градинка „Кокиче“, ученици од ООУ „Кочо Рацин“од Нов Дојран, кои настапија со пригодн новогодишна програма пред посетителите на организираниот за прв пат Новогодишен Базар. Овде се продаваа рачно изработени декоративни украси за разубавување на Новогодишната атмосфера.
Децата пееја, рецитираа, постарите го разгледуваа базарот и одбираа што ќе понесат дома,
На крај сите нив ги посети црвениот белобрад дебелко кој им подели паќатчиња на најмалите.
Ваква манифестација во пресрет на Новата година за прв пат се организира во Дојран во организација на општина Дојран.
Летната дојранска атракција вовчето на рута покрај кејот на езерото, предновогодишно беше заменета со нова светлечки украсена атракција – големото ПП возило на кое напред се возеше Дедо Мраз носејќи многу подароци, пакетчиња, елки и светлост во Новата Година.
Нека биде радост, насмевки и светлина за сите.