Најновата жителка на Гевгелија се вика Борјана. Се роди вчера во 12:50 часот во Одделението за гинеологија и акушерство при Општа Болница Гевгелија.
Веќе 30 часови како е донесена на свет и е радост на својата мајка Радица Алексовска (33 г.) од Гевгелија.
Борјана е второто новороденче донесено на свет во Општа Болница Гевгелија годинава. Таа е воедно првото родено девојче во 2023 година, првото роденче гевгеличанче. Има родилна тежина од 3 килограми и 350 грама и должина од 50 сантиметри.
Родена е по пат на царски рез што го изведе лекарскиот гинеколошки тим од Гевгелија со акушер, медицинска сестра акушерка и д-р неонатолог.
Во Одделението за гинекологија во Гевгелија годината започна родилно, за три дена две новороденчиња.
Минатата 2022 година во недостаток од специјалист анестезиолог во гевгелиската болница беа донесени на свет само 42 бебиња.
Инаку во цела 2022 година родени се вкупно 162 бебиња, што значи дека поради немањето анестезиолог 120 родилки од Општината минатата година се упатувале во други породилишта во државата. Сите тие 162 бебиња станаа нови жители на општина Гевгелија и за сите нив општината одвои еднократна парична помош од Програмата за социјална заштита. Меѓу новородените во 2022 доминирале девојчињата – 86 женски, наспроти 76 машки новороденчиња,