На објавениот оглас за коситење на бесплатен зимски одмор за децата на семејствата корисници на постојана социјална парична помош и деца со посебни потреби, објавен од Министерството за труд и социјална политика, од општина Гевгелија се пријавиле 13 деца.
На сите им е одобрено да користат шестдневен зимски одмор кој ќе го реализираат од 13 до 18 јануари во хотел „Славија“ на Попова Шапка.
Децата со посебни потреби имаат право да бидат придружувани од еден член од семејството. Таква можност ќе користат шест деца од оваа категорија лица со посебни потреби. За останатите 7 деца од редовите на семејства со социјален ризик, без редовни примања, ќе биде ангажиран еден волонтер од Црвениот Крст од Гевгелија кој ќе ги придружува и води организациона грижа за нив.
За сите 20 лица од Гевгелија кои следниот петок ќе заминат на зимување на Попова Шапка Центарот за социјални грижи од Гевгелија обезбедува бесплатен превоз, на трошок на МТСП. Обезбедено е биде и нивното враќање на 18-ти јануари до Гевгелија.
Корисниците на бесплатен зимски одмор ќе користат 5 ноќевања, три оброка дневно, бесплатен превоз во двете релации, платена поддршка од друго лице и многу дружења со останати корисници на бесплатен зимски одмор со кои ќе ги споделуваат деновите на Попова Шапка во хотелот „Славија“.