Со чин на осветување вода и благословување на празничен леб и вино кој го изведоа гевгелиските свештеници Русе Жекоски и Влатко Бојков вечерва започна коледарските одбележувања во рамките на одржувањето на традиционалната манифестација „Коледарскиот Хепенинг 2023“.
Бројни граѓани присуствуваа на настанот кој се’ уште трае во дворот на СДСМ Гевгелија, а е во организација на ЛК на СДСМ Гевгелија.
Во духот на економичноста како што налагаат економско-енергетските констелации годинава, забавниот дел беше доделен на ди-џеј Костаќев. За сите посетители беше подготвена коледарска трпеза од домашното поднебје, со кикирики, баклави, јаболка, овошје и други закуски.
Коледарскиот оган го запалија претседателот на СДСМ Гевгелија, претседателот на ЛК на СДММ на Македонија и претседателот на ЛК на СДММ за Гевгелија.
– „Во предвечерието на бадник и најавата за Христовото раѓање имајте мир во душата, понесете мир со себе, така полесно ќе ги носите одлуките и спроведувате обврските во животот, зошто бог го дарил својот мир на луѓето“ беше последната беседа која отец Жекоски ја упати до присутните на настанот.
Сите присутни добија бадникови гранчиња за да ја понесат топлината од коледарската сполотеност за мир, среќа и здравје во Новата Година и во својот дом.