Предвестието на Христовто раѓање Бадник и светлите огнови за време на Коледарските одбележувања вечерва се одбележаа со масовна посетеност во Градскиот парк во Богданци.
Настанот беше во организација на „Лебопекара ММ“ и Маркетите „Солун 53“ кои на овој начин како општествено одговорни компании им подготвија пригодна коледарска забава на своите сограѓани.
Коледарскиот оган беше запален на шеталиштето во Градскиот парк симболично со поглед кон влезот на црквата „Свети Атанасиј Велики“ во Богданци.
Настанот имаше и забавен карактер со учество на локални музички изведувачи: Ристо Димитров (Тарабан) Здравко и Милош, Наталија Данаилова, Марија Ичкова, Влатко Илјачев, Слободанка Арнаудова, Бојана Дупјачанец, Јулија Јанушева балетско студио „Sweet Dance“ и фолклорен ансамбл „Мегдан“.
Коледарските одбележувања во Богданци беа поддржаани и од Општината.