Новак Ѓоковиќ го совлада Себастијан Корда со 6-7; 7-6; 6-4 и ја освои титулата на „Аделаида Интернационал“. Со тоа ја оствари својата 92-ра тениска титула во кариерата.
Уште поимпресивно е што на патот до трофејот Ноле спаси меч топка.
Американецот имаше меч топка на крајот од дуелот, а потоа Ѓоковиќ со импресивен удар од мрежата успеа да ја врати меч топката на 6:5.
Србинот успеа да спаси меч поен по осми пат во кариерата во финале на еден турнир.
Ѓоковиќ тоа го направи и во Виена во 2007 година, во Базел во 2009 година, на „УС Опен“ во 2011 година, па една година подоцна во Шангај. Истото го направи во 2019 година во Доха и на „Вимблдон“, како и една година подоцна во Дубаи, а денеска по осми пат.
Фановите на српскиот и светски спортски ас очекуваат тој да ја продолжи својата низа победи.
Видеото е од моментот кога Новак Ѓоковиќ го победи Корда и стана шампион на Аделаида Интернационал!